Парискиот мост на Сена крие скромен дом и топла животна приказна

Запознајте го Џејмс Би, 50-годишниот маж чиј дом е мостот Луис Филипе над Сена во центарот на Париз. Како ретко кој, тој има привилегија да живее во центарот на Париз и да има поглед на Нотер Дам. Но, и тоа не е толку идеално како што звучи.

koj-zivee-vo-mostot-na-rekata-sena-vo-centarot-na-pariz-01

Всушност, тој живее во внатрешноста на мостот на едната страна од реката, каде што почнува неговата конструкција. Таму има една мала врата во која може да се влезе во бетонски простор од околу 50 m2.

Џејмс после 7 години поминати во надворешни мисии преку француската војска, патувајќи низ светот, одлучил во 1989 година да се смести токму овде, во парискиот мост.

Летно време двата брега на реката Сена се претвораат во плажи, па тој има уште една привилегија да биде секојдневно на плажа во центарот на Париз.

Џејмс својот дом го изградил со помош на неговиот пријател Марко, а во текот на годините постепено го пополнувал просторот со стар мебел и покуќнина кои ги наоѓал. Сето тоа изгледа кич, но како што вели тој, најважно е да се има покрив над главата.

Градоначалникот на Париз го има посетено двапати и наминува кога е летното отворање на привремените плажи.

За да има струја, градот му дозволува и му помага во приклучувањето, а има пристап и до бесплатен интернет. Вода нема, но за домашни потреби користи јавни перални и полни вода од изворот на островот Сент Луис.

Зимно време, кога врне водата протекува во неговиот дом, па за преспивање мора да наоѓа место каде има малку поголема заштита. Живеењето е под сите стандарди, но и покрај тоа, тој е среќен што има покрив над главата.

Сепак, нема да може вечно да остане тука, бидејќи најавени се реконструкции и регулирање на бездомниците во Париз.

До тогаш, тој и неговото куче ќе уживаат во привилегијата да живеат покрај Сена во центарот на Париз.

Прошетајте низ неговиот дом преку фотографии и видете со колку малку некои луѓе знаат да бидат среќни:

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...

Најчитани неделава