Погреб или спектакл ?

Почивалиштето на Мајкл Џексон, луксузниот сандак обложен со злато е гламурозен како и секој детал од погребувањето на познатиот пеач, пишуваат медиумите.

 

Имено, Мајкл Џексон ќе биде закопан во мртовечки сандак вреден 25.000 долари. Сандакот со име Promethean е направен од бронза и е обложен со 14-каратно злато, а внатрешноста е направена од најпрефинетото кадифе. Во истиот тип на кофчег беше закопан и легендарниот пеач Џејмс Браун во 2006тата година.

pogreb-ili-spektakl1

Судејќи по последното испраќање на Мајкл Џексон, многумина повеќе го доживуваат како некој забавен спектакл, отколку како погребување, бидејќи парадата што ќе биде одржана во чест на животот и делото на Мајкл Џексон ќе го отвори циркусот 'The Ringling Bros Barnum And Bailey' чие мото е, иронично, "најголемото шоу на светот".

Многу познати ѕвезди на овој начин ќе мораат да се опростат од Џексон, а посетителите ќе мораат да резервираат карти за овој настан, иако тие ќе бидат бесплатни.

Меморијалот ќе биде одржан во The Staples Center во Лос Анџелес, а помеѓу останатите, свое обраќање ќе имаат пеачката Дајана Рос, филмската дива Елизабет Тејлор и пеачот Пол Мекартни.

Менаџерот и пријателот на Мајкл - продуцентот Квинси Џоунс изјавил дека не сака да присуствува на погребувањето, бидејќи тоа не е она што тој сака да го види.

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од пожарот во дискотека во Швајцарија: „Гледав како горат луѓе, влегов внатре за ... „За неколку секунди, целиот таван беше во пламени. Се беше направено од дрво и п...
„Имам 84 години и отидов на лекар за болка во грбот – прво ми понудија евтаназија“ „Се разбудив со многу силна болка и ќерка ми повика брза помош. Во болницата ми ...
13-годишно девојче е жртвата најдена во автомобилот на млад музичар - Што знаеме за случајот што ја ... 13-годишната Селест Ривас Хернандез беше пријавена за исчезната во април 2024, а...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Маж си ја лажирал смртта за да избега со љубовницата: Ги оставил сопругата и 3-те деца, го барале со... Минатото лето, Американец си ја лажирал смртта за да може да избега со неговата ...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...

Најчитани неделава