Со упорност до успех: Од дебело девојченце до олимписки пливачки тим за јуниори

Бријана Бонд на само 11 години стана инспирација на многумина. Таа за 14 месеци намалила 35 килограми благодарение на вежбањето и здравата исхрана, а покрај тоа и станала член на олимпискиот пливачки тим за јуниори.

so-upornost-do-uspeh-od-debelo-devojcence-do-olimpiski-plivacki-tim-za-juniori-01

Хејди Бонд на почетокот мачела мака со нејзината 9-годишна ќерка која имала зголемен апетит и не сакала да започне со здрави вежби и исхрана.

Но, со големата поддршка и упорност на нејзината мајка и целото семејство, Бријана успеала да изгуби 35 килограми за само 14 месеци.

Кога наполнила 1 година, Бријана имала 11 килограми, па ако продолжела со тоа темпо родителите се плашеле дека ќе постигне рекордна тежина од 90 килограми на само 10 години.

Нејзините родители се чувствувале ужасно и беспомошно. Големите оброци, недостатокот на активности и брзата храна во училиштето веќе неколку години им создавале проблем.

На 9 години, Бријана веќе имала 85 килограми.

Кога веќе ја преминала секоја граница на нормалната тежина, нејзиното семејство се одлучило за семејна активност која Бријана не смеела да ја одбие. Секој ден заедно со нејзините родители Бријана пешачела по околу 6 километри. И така по 4 дена во неделата.

so-upornost-do-uspeh-od-debelo-devojcence-do-olimpiski-plivacki-tim-za-juniori-03

Упорноста конечно се исплатела. По 14 месеци, од 85 килограми нејзината тежина се намалила на 50.

За да ја одржи линијата Бријана секој ден заедно со својата мајка вежба најмалку час и половина, пие витамински шејкови и се придржува кон здрава и свежа храна.

so-upornost-do-uspeh-od-debelo-devojcence-do-olimpiski-plivacki-tim-za-juniori-02

Покрај тоа, таа е дел од пливачкиот тим, тимот на навивачки и кошаркарскиот тим како би останала активна.

- Целиот живот и се промени. За прв пат, таа може да биде дете, се зборовите на нејзината мајка.

so-upornost-do-uspeh-od-debelo-devojcence-do-olimpiski-plivacki-tim-za-juniori-05

Би можело да ве интересира:

„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...

Најчитани неделава