Прљаво казалиште - „Партиите не сакаат, ама не ја менуваме музиката за политика!“

Додека трае предизборниот молк, Скопје ќе танцува на хитовите на популарниот хрватски бенд „Прљаво казалиште“. Легендарните музичари на 26 април ќе настапат во арената „Метрополис“.

prljavo-kazaliste-partiite-ne-sakaat-ama-ne-ja-menuvame-muzikata-za-politika-01

На оваа свирка ќе го промовираат последниот албум „Можда догодине“. Но нема да ги заобиколат песните што ја одбележаа нивната кариера како „Марина“, „Ми плешемо“, „Ту ноќ кад си се удавала“.

- Секоја година барем еднаш гостуваме во Македонија. Освен публиката во Скопје, нe` имаат слушнато и луѓето во Охрид и во Струмица. Сите тие концерти беа одлични и супер се забавувавме, така што нема причина да биде поинаку и овој пат во главниот град - објаснуваат музичарите.

Немавме потреба да следиме трендови.

„Прљаво казалиште“ ќе свири на ден пред изборите. Бендот отсекогаш бил политички ангажиран, а беше дел и од предизборната кампања на партијата Хрватска демократска заедница.

- Ние никогаш не сме биле миленици само на една политичка опција и сме биле дел од предизборните кампањи на повеќе партии. „Прљаво казалиште“ од основањето е ангажиран бенд кој зборува за социјалната реалност и за судбината на малите луѓе и не дозволуваме да нe` импресионираат политички минливи играчи кои си замислуваат дека имаат големи улоги – велат музичарите и додаваат дека не би ја оставиле музиката за политичка кариера.

Групата функционира 37 години и има издадено 14 албуми. Од почетокот имаат променето многу нешта меѓу кои и својот звук.

- Но имавме среќа што нашите песни сето ова време лесно го пронаоѓаа својот пат до срцето на луѓето и немавме потреба да се држиме до некакви трендови и да одиме во чекор со актуелните музички хирови. Секогаш сме се потпирале на својот сензибилитет и поглед кон светот. Мислам дека „Прљаво казалиште“ сите овие години има создадено свој препознатлив ракопис. Сепак, не може да се побегне самиот од себе - додаваат тие.

Тешко им е да издвојат омилена песна од репертоарот кој пополека го градат од 70-тите години. На прашањето како било на регионалната сцена пред три децении, а како е денес, велат дека тешко е да се споредат времињата. Особено поради фактот што светот денес се менува повеќе за една година отколку што некогаш се менуваше за 20.

Нe слушаат и деца.

- Пред се`, мислиме на технолошкиот напредок. Денешните генерации минуваат поинаков пат за да успеат во музиката, но не се знае дали им е потешко или полесно. Не постои рецепт за успех. Сепак, сите ние бевме фантастични играчи подготвени да се докажуваат и бевме непоколебливи и бескомпромисни. Прашање е дали денешните деца се такви. Сите се надеваат на инстант-успех. Но драги деца, преку трње се стигнува до ѕвездите! - посочуваат тие.

Една од најголемите бендовски гордости е дека нивната музика ја почитуваат и фанови од помладата генерација.

- Секогаш во првите редови на нашите концерти има деца што се родиле многу подоцна од нашите песни. Тоа е знак дека нашиот материјал го надживеа своето време и преминува од генерација на генерација. А тоа е неповторливо чувство на радост и среќа и се надеваме дека ќе трае уште многу долго - завршуваат тие.

Андриjана Андова

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава