Мислеле дека нивното кутре го однел ураган засекогаш. Но, 18 месеци подоцна...

Пред година и половина, за време на ураганот Сенди, кутрето на Чак и Елисија Џејмс побегнало низ дупката во оградата и не се вратило во куќата, која од невремето останала тешко оштетена.

mislele-deka-nivnoto-kutre-go-odnel-uragan-zasekogas-no-18-meseci-podocna-01

Брачниот пар на секој можен начин се обидел да го пронајде својот миленик, питбулот Реклес. Но, залудно. 18 месеци по неговото исчезнување, непосредно пред раѓањето на нивната ќерка, одлучиле да се помират дека тој никогаш нема да се врати.

Одлучиле да одат во здружението за превенција за грубо однесување со животните во Њу Џерси и да вдомат некое кутре. Таму ги дочекало најголемото изненадување!

Од организацијата за вдомување животни, на својот сајт раскажале:

„Кутрето ви побегнува за време на ураганот Сенди. По залудното трагање, изгубивте надеж и година и половина подоцна решавате да вдомите ново кутре. Одите во складилиштето во Њу Џерси за да разгледате кое кутре го сакате, а волонтерот ви го носи вистинскиот кандидат - вашиот изгубен миленик!

Кутрето, кое го носеше името Лукас, ја доживеа оваа приказна. Тој беше донесен во складилиштето и чекаше да биде вдомен. Волонтерите дури тврдат дека од сам почеток изгледал како да бара некој.

Сега знаеме дека Лукас, чие вистинско име е Реклес, постојано го барал своето семејство.“

Додека Елисија веднаш го препознала своето кутре, нејзиниот сопруг не бил сосема сигурен затоа што Реклес бил премногу здебелен.

„Не лижеше, скокаше по цел метар во вис. Конечно пристигна дома. Знаеше дека на неговите маки им дојде крајот,“ вели Чак.

mislele-deka-nivnoto-kutre-go-odnel-uragan-zasekogas-no-18-meseci-podocna-02

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...

Најчитани неделава