Мајката на најзгодниот осуденик: „Крив е само што е убав“

Кетрин Енџиер, мајката на Џереми Микс чија фотографија од полициската станица ги освои женските срца, реши јавно да ја раскаже својата приказна.

majkata-na-najzgodniot-osudenik-kriv-e-samo-sto-e-ubav-01.jpg

Според нејзините зборови, Џереми ја напуштил „бандата“ пред 6 години кога се оженил, а изминативе неколку години дури и добил работа.

Таа тврди дека е уапсен заради старите тетоважи чие отстранување не можел да си го дозволи, додека пиштолот за кој немал дозвола го носел за сопствена заштита.

„Несреќен е и загрижен заради тоа што му се случува и секое утро се буди плачејќи. Денес ми кажа дека прв пат не се разбудил во солзи,“ вели мајката на Џереми.

majkata-na-najzgodniot-osudenik-kriv-e-samo-sto-e-ubav-02.jpg

Нејзиниот згоден, синоок син веќе 6 години е оженет и има дете, неговата сопруга е медицинска сестра, а и самиот изминативе неколку години имал пристојно работно место.

majkata-na-najzgodniot-osudenik-kriv-e-samo-sto-e-ubav-03.jpg

Мајката на Микс тврди дека е вистина неговото минато, но и дека тоа биле само лудории во младоста.

Таа верува дека тој е уапсен заради старите тетоважи кои немал пари да ги отстрани, односно заради буквите NC кои се ознака за криминална банда и солзата на аголот на окото, која укажува на личност одговорна за убиство или поминала многу време во затвор.

Во меѓувреме, благодарение на славата кој ја стекна по социјалните мрежи, добил бројни понуди за филмски улоги и модел.

И понатаму мајката и сопругата на Микс се обидуваат да соберат 6.000 долари за да му овозможат адвокат и пристојно судење. До сега им пристигнале околу 4.000 долари на сметката, во главно од анонимни донатори.

majkata-na-najzgodniot-osudenik-kriv-e-samo-sto-e-ubav-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава