Тој имал 4 сопруги, 7 вереници и 5 девојки, а ниедна не знаела за другите

Сонко Тиџан успеал на своите 28 години да ги излуди девојките во Австрија. Тој истовремено имал 16 различни жени кои верувале дека се единствени. Сепак, преку Фејсбук е откриена неговата измама и сега е во затвор.

toj-imal-4-soprugi-7-verenici-i-5-devojki-a-niedna-ne-znaela-za-drugite-01

Познат е како рекордер во бигамија, бидејќи има 4 сопруги, 7 вереници и 5 девојки.

Откако две од жените случајно сфатиле дека се омажени со истиот човек и го пријавиле во полиција, успеале да го фатат на аеродромот во Виена.

Заводникот имал по некоја жена низ цела земја и ги користел за да преспие кај нив, да има каде да остане некој ден ако е во близина или за да му позајмат пари, кои никогаш не ги вратил.

Неговото разоткривање започнало откако ја запознал Соња Мајар која верувала дека тоа е љубов на прв поглед кога го видела во некој локален бар.

toj-imal-4-soprugi-7-verenici-i-5-devojki-a-niedna-ne-znaela-za-drugite-2.jpg

Тиџан (28), кој потекнува од Гамбија ѝ кажал дека исто така се чувствува и за кратко време се венчале и покрај противењето на нејзиното семејство.

По година дена среќен брак Соња останала трудна. Но, еден ден на Фејсбук нашла жена со исто презиме и маж кој многу личи на нејзиниот маж. Почнала да го пребарува профилот на жената и сфатила дека имаат заеднички сопруг.

Двете жени воспоставиле контакт и го пријавиле во полиција. Тоа ги одвело до откритието дека не се само тие две, туку дека тој има 16 различни жени кои веруваат дека се единствени, а со 3 од нив бил оженет. Најмладата сопруга имала 22 години, а најстарата 44 години.

Четвртата жена му е во Африка и со неа има 3 деца.

Сега е уапсен и ќе му се суди за незаконска бигамија, но мора да му се признае дека не може секој истовремено да има 16 жени.

toj-imal-4-soprugi-7-verenici-i-5-devojki-a-niedna-ne-znaela-za-drugite-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава