Чудни предупредувачки знаци

cudni-znaci-za-predupreduvanje-povekje“Деца без надзор ќе бидат продадени на циркусот“ - е еден од чудните знаци за предупредување кои може да ги сретнето од Данска до Унгарија. Некои...

 

...знаци во земјите каде не се зборува англиски, а каде сакаат да звучат глобално, и затоа и ставаат ознаки испишани на англиски, веројатно ја постигнале целта. Сите ги разбираат само што не можат да поверуваат што гледаат.

Така една авио-компанија во Копенхаген ги предупредува патниците дека компанијата ќе им го одземе багажот иcudni-znaci-za-predupreduvanje ќе им го испрати во различни правци.

Некои британски туристи во хотел во Будимпешта прочитале дека лифтот е во дефект и дека менаџментот ги известува дека нивниот престој е непотребен.

Хотелско лоби во Цирих ги известува гостите дека поради непријатностите од забавување со муштериите од различен пол по собите, истото ќе мора да почнат да го прават и во ходниците.

Во Србија прочитале дека собарката со уживање ќе им го испегла долниот веш, додека во Јапонија гостите можат да го искористат персоналот по желба.

Јавните перални за алишта во Рим ги информираат жените дека ако ги остават сите алишта и оние кои ги носат на себе ќе добијат вистинско задоволство.

Во Австрија деца без надзор ќе бидат продадени како робови.

Крис Браун, патнички агент од Велика Бритенија, оваа појава ја објаснува како резултат на тоа што најголем број од луѓето кои патуваат се од англиско говорно подрачје па не е чудно што домаќините во останатите земји сакаат да им угодат ставајќи ознаки на англиски.

“Додека некои од пораките се смешни, некои можат да влијаат на бизнисот. Пример е ресторан кој во своето мени има понудено печен хепатитис“ - вели Браун.

Би можело да ве интересира:

„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
Се пресели во Мексико и заврши во затвор, има шизофренија - Пропаста на руската лизгачка Елена Гуљак... На врвот на кариерата со сопругот и тренер се пресели во Мексико, каде што отвор...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Убиецот на Украинката во САД потекнувал од семејство криминалци: Брат му е во затвор за убиство, тат... Мажот кој ја уби 23-годишната Украинка во воз во САД потекнувал од семејство кри...
Нема ни 40 kg, почна да се крие од јавност: Тажната приказна на анорексичната инфлуенсерка Евгенија ... Веќе неколку месеци, инфлуенсерката Евгенија Куни нема споделено ништо онлајн, с...

Најчитани неделава