5 Најнеобични затвори во светот

Кога ќе се спомене зборот затвор, обично тоа го доживуваме како крајно непријатно место преполно со насилство и убиства.

5-najneobicni-zatvori-vo-svetot-1--

Вистина е дека постојат такви затвори, но има и такви за кои нема да ви се верува дека постојат во светот.

Затвореници кои цело време танцуваат или затвореници кои воопшто не сакаат да бидат пуштени на слобода, ова се дефинитивно 5-те најнеобични затвори на светот:

1. „Cebu”, Филипини

5-najneobicni-zatvori-vo-svetot-1

Зошто е невообичаен? Тука затворениците цело време танцуваат.

Само замислете го следниов концепт: Ладнокрвни убијци, нарко дилери и сексуални престапници заедно танцуваат на поп музика. Овие затвореници патуваат и изведуваат разни танци на добротворни концерти, а дури имаат прилика и да заработат. Освен тоа, затворот е отворен за посетители кои можат да уживаат во нивните изведби, да се фотографираат со престапниците или да купат сувенир.


2. „Justizzentrum Leoben”, Австрија

5-najneobicni-zatvori-vo-svetot-2

Зошто е невообичаен? Ова е најлуксузниот затвор на светот, „затвор со 5 ѕвезди”.

Овој центар на правда е познат како рај за уапсените криминалци. Освен што однадвор изгледа како модерна архитектонска градба, тој и внатре не е ништо полош. Фитнес центар, базени, соби со телевизор, дури и мобилен за секој затвореник. Лошото кај овој затвор е што прима само 250 затвореници.


3. „La Pazu”, Боливија

5-najneobicni-zatvori-vo-svetot-3

Зошто е невообичаен? Тука затворениците плаќаат кирија за својата ќелија. 

Во главниот град на Боливија, Сан Педро, се наоѓа затвор за околу 1.500 затвореници. Откако ќе ги поминете дебелите ѕидови и сигурносните капии, секоја сличност со нормалниот живот исчезнува: во дворот си играат деца, на малиот плоштад има пазар, штандови, ресторани, фризерски салон, па дури и хотел.

Овој затвор повеќе потсетува на сиромашен кварт, а стражарите во него не носат униформи. Оваа релативна слобода си има своја одредена цена: секој станар мора да плати одредена кирија за својата ќелија, па затоа затворениците работат во затворот. Тука ако имате пари, живеете до крај.


4. „Sark”, Велика Британија

5-najneobicni-zatvori-vo-svetot-4

Зошто е невообичаен? Ова е најмалиот затвор во светот.

Изграден во 1856 година, ова е дефинитивно најмалиот затвор на светот, кој сѐ уште функционира. Тој е дел од полициска станица, а во него преноќуваат престапници или пијаници. Овој мал затвор е вистинска атракција за туристите, кои често го посетуваат поради неговата уникатност.


5. „Cereso Chetumal”, Мексико

5-najneobicni-zatvori-vo-svetot-5

Зошто е невообичаен? Затворениците не сакаат да бидат пуштени на слобода.

Во овој затвор се нема случено никаков инцидент кој вклучува насилно однесување веќе 10 години.

Доколку имаат некаков проблем, затворениците добиваат боксерски ракавици и ринг, а после 2 рунди секој проблем е решен. За брзо заздравување од модринките од боксерскиот меч, затворениците добиваат масажа.

Постојат многубројни програми како уметност, занаети и затворениците прават сувенири па истите ги продаваат на туристите. Околу 1.100 затвореници велат дека не сакаат на слобода, бидејќи таму им е подобро отколку на улица. 

Би можело да ве интересира:

Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
„Бремена сум секоја година од 2014-та досега - подобро тоа отколку да имам менструација секој месец“ Американката Медисон Чавез, која го чека своето петто дете, ги подели мислењата ...
Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми дав... „Поминав четири години во кревет, ме хранеа само колку да преживеам“, открива па...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
Маж осуден откако силувал девојка во воз, а никој од патниците не реагирал - Детали за случајот што ... Рајан Џонстон е осуден на 9 години затвор од страна на судот во Лондон, откако в...
Детали за случајот со мајката монструм од САД - Ја оставила 16-месечната ќерка сама дома и заминала ... Додека 10 дена бебето било оставено само дома во куќата во Охајо, мајка му патув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg