Инспиративни приказни: Од просјаци до успешни луѓе

На некои им се чини дека некои работи се возможни само во филмовите, но вистината е дека човечките судбини може да бидат многу неверојатни и вистинити.

inspirativni-prikazni-od-prosjaci-do-uspesni-lugje-01

Многу често се слушаат примери на богати луѓе кои успеале да изгубат сè и да дојдат до просјачки стап. Но, иако се поретки, сепак ги има и приказните за тоа дека може и од просјак, некој да стане успешен човек.

Ова се неколку инспиративни приказни:

1. Од бездомничка до Харвард

Лиз Мареј е родена во 1980 година во Њујорк. Нејзините родители биле наркомани, па се очекувало дека таа ќе има силни предиспозиции да продолжи по истиот пат.

Животот не и бил ни малку лесен, живеејќи во беда и сиромаштија. Кога имала 5 години нејзината мајка починала од сида. Нејзиниот татко, исто така заболен од ХИВ, бил сместен во згрижувачки центар за болни и му било одземено старателството.

Лиз и нејзината сестра останале сами да се грижат за себе, да спијат на клупи низ паркот, да просат за јадење.

Но, сепак биле и прифатени од социјалниот центар за деца без родители од каде им било овозможено да одат и во училиште. Со одличните резултати кои Лиз ги покажала и успеала за 2 години да заврши средно училиште, според успехот конкурирала и била прифатена да оди на Универзитетот Харвард.

Денес таа е успешна и примерна студентка која ја очекува светла иднина.

Liz_Murray.jpg


2. Од бездомничка до милионерка и гуру

Дани Џонсон е уште една жена со тешко детство покрај родители зависници од дрога кои не можеле многу да ѝ помогнат во животот. Често била депресивна, не успевала да заработи доволно за нормален живот, а уште помалку имала за да се школува и да може да бара подобра работа од таа што ја имала како келнерка.

Но, еден ден забележала брошура во која се барале луѓе кои ќе продаваат производи за слабеење. Решила да се пријави, но бидејќи била бездомничка и немала адреса на која луѓето може да ја најдат, успеала да договори да ги остава производите во една продавница за пијалаци.

Притоа, користела телефонски говорници за да ги контактира купувачите и да им објасни од каде треба да ги подигнат производите.

Така од агент за продажба, станала вистински гуру водич за слабеење. Денес е успешна менаџерка која годишно заработува милиони од продажба и мотивациони предавања.

126_tight.jpg


3. Од уличар до професионален фудбалер

Мајкл Охер е роден во семејство со 12 деца, мајка наркоманка и татко кој секогаш бил отсутен. Тој постојано менувал училишта и бил сместуван во семејства, но постојано бегал и останувал да живее на улица.

Неговиот живот се променил кога почнал да игра фудбал во едно училиште. Се покажало дека е мошне талентиран. Семејството кое го имало посвоено сфатиле дека треба да му помогнат, да го прифатат како нивен член и да го насочат на прав пат. Добар бил и на училиште, па можел да конкурира на Универзитетот во Мисисипи.

Подоцна Мајкл станал еден од најдобрите одбранбени играчи во NCAA. Нa 23 години потпишал петгодишен договор вреден $13.8 милиони долари, а во 2014 - та година таа сума се зголемила на $20 милиони долари.

img19672292.jpg

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава