Skype ја повлече тужбата

skype-ja-povlece-tuzbata-povekjeКомпанијата eBay постигна договор со основачите на Skype, заради чија тужба дојде до проблеми со продажбата на дел од овој интернет сервис на...

 

...група инвеститори по цена од две милијарди долари.

Ebay известува дека е постигнат договор со Niklas Zennstrom и Janus Friis, сопственици на компанијата Joltid Ltd., околу спорните авторски права над софтверот.

Имено, тие тврдеа дека Skype ја користи нивната технологија без одобрување.skype-ja-povlece-tuzbata

Тужбата беше покрената токму за време на продажбата на Skype на група инвеститори, но eBay успеа да ја реши целата работа со тоа што им понуди на Zennstrom и Friis 14% удел во Skype.

По постигнувањето на договорот со Zennstrom и Friis, групата инвеститори ќе поседува 56 проценти од Skype, а eBay задржува 30 проценти.

Инаку, Zennstrom и Friis во септември годинава, веднаш по покренувањето на тужбата против eBay, покренаа тужба и против некогашниот партнер Mike Volpi кој сега е партнер во Index Ventures, една од инвестициските компании која сега планира да го купи Skype.

eBay потврди дека Index Ventures веќе не е дел од групата инвеститори бидејќи како што наведуваат „не одговараат на критериумите за вложување“.

Договорот за продажбата на Skype ќе биде завршен до крајот на годината.

Би можело да ве интересира:

Жизел Пелико за моментот кога ја дознала вистината за сопругот монструм, кој ја дрогирал и викал маж... „Си ги извадив очилата, полицаецот ми покажа уште една фотографија. Истата жена ...
Страв од сериски убиец во Мексико – Убиени се 3 жени на слична возраст, ги нашле полусоблечени, токм... Во туристичкиот град Пуерто Ваљарта, во период од само 11 дена биле пронајдени т...
„Дадов отказ, се разведов и се преселив во Италија да се пензионирам - сопругот не сакаше живот луда... „Во 2017 година бев на животна раскрсница… Многу луѓе што ги познавав умираа и п...
Исповед на мајка на деца со попреченост, по трагедијата во која родители ги убија двата аутистични с... „Откако родители во Австралија си ги убија двете аутистични деца, на возраст од ...
Светскиот диџеј Махмут Орхан пушташе музика во родното село во Турција – дели сарми, ги прегрнува ро... Иако е светски познат диџеј, не заборава од каде му се корените – Махмут Орхан п...
Пропаднат брак, раскината свршувачка, неверство - Љубовниот живот на скијачката Линдзи Вон Една од најдобрите светски скијачки на сите времиња, Линдзи Вон, има бурен љубов...

Најчитани неделава