Светскиот диџеј Махмут Орхан пушташе музика во родното село во Турција – дели сарми, ги прегрнува роднините (видео)
- Детали
- петок, 05 јуни 2026
Иако е светски познат диџеј, не заборава од каде му се корените – Махмут Орхан пушташе музика на плоштад во родното село во Турција, каде околу него се забавуваа и стари и млади, а тој им делеше сарми од лозов лист, па заигра и на традиционални турски мелодии.

Махмут Орхан е светски познат диџеј и еден од најпрепознатливите артисти на глобалната електронска сцена, кој има настапувано на многу интернационални фестивали како Coachella и Tomorrowland, а ова лето ќе ја освои сцената и во Охрид.
Но, иако има огромна слава, тој не заборава од каде му се корените, па на социјалните мрежи вирално се споделуваат видеа од забавата што ја приредил во своето родно село, Курсе, како што пишуваат медиумите.
На својот Инстаграм профил, тој објави видео на кое додека пушта музика, до него за рака држи постара жена, која веројатно му е роднина и за која пишува:
„Таа е сведок на деновите кога трчав по шорцеви на свадби на овој плоштад“.
Тој креирал професионален диџеј сет на плоштадот среде село и приредил незаборавно музичко искуство за своите роднини, пријатели и други жители, а сите од најмлади до најстари се забавуваат.
На снимките се гледа како дури и постарите локалци уживаат во неговата модерна музика, но потоа и Махмут заигра на традиционални турски мелодии, па дури и подели сарма од лозов лист.
Уште неколку видеа од атмосферата:
М. М. | Црнобело
