Новата организација на дистрибуцијата – Зона Исток и Зона Запад

Загреб, 31. август 2015 - Атлантик група ја дефинираше интернационализацијата на бизнисот како една од своите основни стратешки цели кои ќе го потпомогне понатамошниот развој  и тоа пре сè во: Западна, Северна Европа и регионот ЗНД. Со цел бизнис организацијата што  посоодветно да одговори на поставените цели, компанијата спроведе стратешка реорганизација на вкупната бизнис дистрибуција која е важна алка на растот и развојот како во регионот, така и на странските пазари. Така на почетокот на септември работните места за дистрибуција на ниво Групацијата беа организирани преку две главни зони: Зона Исток и Зона Запад. Во новата организација Зоната Исток се состои од земјите во Југоисточна Европа, балтичките земји и оние во регионот на ЗНД, додека Зоната Запад ги вклучува централна и југоисточна Европа, нордиските земји како и сите пазари во прекуморските земји.

novata-organizacija-na-distribucija-zona-istok-i-zona-zapad-01.jpg

Зона Исток

Среќко Накиќ е назначен за потпретседател на Зоната Исток и нему ќе му одговараат сите менаџери одговорни за работење во рамките на Зоната (СДО Хрватска, СДО Србија, ДО Словенија, ДО Македонија, СДО Хорека, СДР (Стратешки дистрибутивен регион) Балтик и ЗНД, партнерска дистрибуција на пазарите во Косово, Бугарија и Романија, БО детска храна. Секоја локална единица во Зоната Исток продолжува со своето редовно деловно работење, располагајќи во целост со сите оперативни и функции за поддршка..

Зона Запад

Бојан Клариќ е назначен за потпретседател за Зона Запад, и нему ќе му одговараат сите менаџери одговорни за работа во Зоната (СДО DACH - Германија, Австрија и Швајцарија - Бенелукс & ДР Медитеран и Африка, партнерска дистрибуција за регионот на Централна Европа и прекуморските земји, ДР Северозападна Европа и Австралија). Во рамките на секоја од овие територии главниот фокус ќе биде насочен кон конвенционалните малопродажни канали, со специјално формирани тимови посветени на посебните дистрибутивни канали вклучувајќи го и спортскиот и етно канал. Со цел на најдобар можен начин да се искористи локалното знаењето и стекнато искуството, секоја дистрибутивна област ќе има локално управување со трговските брендови, а со тоа и распределена корпоративна поддршка.

Multipower како водечки европски бренд за спортскa исхрана заедно со останатите силни регионални брендови на Атлантик Група кои имаат видно место во Југоисточна Европа, а се присутни и на западните пазари и се со силен меѓународен потенцијал (паштети, тајната баба, Донат Мг, Цедевита, бебе), имаат за цел работните активности да ги фокусира на градење и зајакнување на сопствените капацитети, дистрибуција и продажба, пред сè во Западна Европа. Конечната цел е да се развие квалитетна сопствена дистрибуциска поддршка на целокупното портфолио на  Атлантик Група кај сите клучни меѓународни пазари. Во прилог на веќе постоечките компании во Италија, Велика Британија и Шпанија, новата компанија за дистрибуција прво ќе се основаат во Германија и Австрија, а подоцна и во Швајцарија и Шведска. Со цел да се обезбеди целосна поддршка на портфолиото на Атлантик Група планирани се значајни инвестиции на  пазарот и зајакнување на локалните тимови.

Би можело да ве интересира:

Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
„Ми изгоре целото лице откако другар истури бензин во логорски оган – ми паѓаа парчиња кожа додека м... Млада девојка од САД го споделува своето страшно искуство за да ја зголеми свесн...
Викторија Бекам ја „соголи“ душата во документарец: „Ме мереа колку сум ослабела по раѓањето на Брук... „Не ми се допаѓаше тоа што го гледам во огледало. Дали сум дебела? Не сум доволн...
Цели градови под вода на Јамајка, по една од најсилните бури во историјата – ураганот Мелиса (фото+в... Ураганот Мелиса ја погоди Јамајка со пороен дожд и ветар со брзина од над 290 ки...
„Си ги отстранив градите со операција бидејќи мразев како изгледаат – уште се чувствувам како жена“ Млада Американка си ги отстранила двете дојки не бидејќи има рак или бидејќи сак...
Убави вести од земјите ширум светот што можеби сте ги пропуштиле Бројот на заболени од рак на грлото на матката во Австралија значително се намал...

Најчитани неделава