Фотка на денот: Баба и дедо учат непознато момче како да си ја врзе вратоврската

Оваа фотографија од постар дедо кој учи и му помага на помлад маж да врзе вратоврска во автобуската станица во Атланта, многу бргу се прошири низ социјалните мрежи од луѓе кои се воодушевуваат на самиот акт.

fotka-koja-kje-vi-go-rastopi-srceto-povozrasen-par-ucat-mlad-covek-kako-da-vrze-vratovrska-01.jpg

Фотографијата била објавена на 14 ноември од страна на Ред Дезмонд Томас. Под фотографијата тој објаснува:

„Младиот човек седеше и се обидуваше да си ја врзе вратоврската. Жената во црвениот капут тоа го забележа и го праша: Знаеш како да врзуваш вратоврска? На тоа младото момче одговори: Не, госпоѓо. Таа го поттурна по рамото својот сопруг и му рече: Дојди од оваа страна и научи го младово момче како да си ја врзува својата вратоврска.“

Како што продолжува понатаму да објаснува Томас, постариот човек се придвижил без никакво двоумење и му објасни чекор по чекор. Потоа го следел младиот џентлмен како ги повторува чекорите.

„Бев на одредена далечина, но дојдов поблиску за да направам една фотка од туторијалот пред да се качам на возот.“

Томас не бил единствената личност на која и се допаднало ова добро дело, па многу бргу фотографијата се прошири вирално.

Објавата е споделена повеќе од 190.000 пати и има повеќе од 700.000 лајкови.

 

data-width="500">

: [HUMANS & HUMANITY]The young guy sitting down was struggling with his tie. The woman in the red coat noticed, and...

Posted by Redd Desmond Thomas on Saturday, November 14, 2015

Би можело да ве интересира:

„Се заразив со хантавирус во детството – имав ректално крвавење, до денес имам фобија од повраќање“ „Имам многу сеќавања од тој приод бидејќи беше трауматичен. Се сеќавам дека прво...
СТАТИСТИКА: Жените се подобри возачи од мажите? Многу често во сообраќај мажите знаат да реагираат на возила кои се движат споро...
Драматично спасување: Маж поминал 6 часа заглавен во тесна пештера, развил хипотермија, се подготвув... Пред десетина дена, во пештера во државата Њујорк, маж се заглавил додека минува...
Татко ѝ тврди дека ја убиле сопругот и свекрвата за миразот, тие негираат: Детали за смртта на позна... Индиската актерка Твиша Шарма била пронајдена мртва во домот што го делела со со...
Трошел 10.000 евра дневно за храна, имал 120 автомобили: Како живееше Никола Саркози, пред да биде о... Откако беше избран за претседател на Франција, Никола Саркози стана познат по ра...
„Станав инфлуенсерка - соседите ме нарекуваат ѕвезда од маало и ме озборуваат за гратис одморите“ „Станав мајка млада и напорно работев за да си ги платам сметките. Сега, не ме и...

Најчитани неделава