Почина легендарниот пејач Дејвид Боуви

Дејвид Боуви почина на 69 години откако 18 месеци тајно се борел против ракот. Ѕвездата која пред само неколку дена го објави својот нов албум, беше позната како креатор на глам рокот и еден од најуспешните музичари на 20-иот век.

pocina-legendarniot-pejac-dejvid-bouvi-01.jpg

„Дејвид Боуви почина мирно опкружен со своето семејство по 18-месечната храбра битка со ракот. Многумина од вас ќе ја споделат загубата, но ве замолуваме да ја почитувате приватноста на неговото семејство“ – тоа е изјавата на официјалната страна на Боуви.

Влијателниот пејач, текстописец и продуцент се прослави во многу музички жанрови во неговата 40-годишна кариера. А, неодамна го издаде и неговиот 25-ти албум „Blackstar“.

Боуви се прослави со албумот „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders From Mars“ од 1972-та година, албум кој ја прикажува рок ѕвездата како вонземјанин. Тука беа комбинирани британскиот мод и јапонскиот кабуки стил каде Боуви го создаде своето алтер его Зиги Стардаст.

Некои од неговите најпознати песни ги вклучуваа: „Let’s Dance“, „Space Oddity“, „Heroes“, „Changes“,  „Under Pressure“, „China Girl“, „Modern Love“, „Rebel, Rebel“, „Suffragette City“ и божиќното дуо со Бинг Крозби.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
Потресни сцени, траор: Двоен земјотрес во Венецуела со јачина над 7 степени - прогнози за десетици и... Двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела синоќа предизвикаа огромна мате...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
Крис Мартин од Coldplay се обрати на фан за скандалот со љубовниците: „Фала што дојде пак по дебакло... „Ти беше и на концертот во Бостон... Фала што дојде пак по дебаклот што се случи...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...

Најчитани неделава