Почина Заха Хадид, „Кралицата на кривата линија“

Светот на архитектурата и дизајнот остана посиромашен за уште еден кративен ум, чии дела ја воодушевуваа јавноста, оставајќи ја без здив.

pocina-zaha-hadid-kralicata-na-krivata-linija-1.jpg

Заха Хадид, родена во главниот град на Ирак, Багдад, беше првата жена архитект, која оваа година во февруари го доби Златниот медал од страна на Кралскиот институт на британски архитекти, како признание за нејзината работа. Оваа престижна награда претходно се нашла и во рацете на врвни архитекти, како Жан Нувел и Оскар Нимаер.

Талентираната британска архитектка почина ненадејно од срцев удар на 65-годишна возраст, во болница во Мајами, каде што била лекувана од бронхитис.

Добитничка на многу награди и признанија низ годините, Хадид неуморно работеше со цел да се етаблира не само себеси како квалитетен архитект, туку воопшто, да ја промени улогата на жената во овој навидум „машки занает“.

„Понекогаш предизвиците се неизмерни. Доживеавме огромни промени во текот на изминатите години и ќе продолжиме со напредокот“, е една од последните изјави на Хадид, алудирајќи на улогата на жените архитекти.

Хадид воедно е првата жена добитник на Прикеровата награда за архитектура, која е пандан на Нобеловата награда во архитектонскиот свет.

Меѓу најпознатите дела во портфолиото на Хадид се Олимпискиот воден центар во Лондон, Националниот музеј на современа уметност во Рим, Риверсајд музејот во Глазов, централната зграда на BMW во Лајпциг и многу други.

Делата на Хадид остануваат сведоци на една уникатна визија на архитект кој се раѓа еднаш во 100 години, отсликувајќи ретко повторлив талент и имагинација.

Во продолжение се 10-те најдобри градби по кои светот ќе ја памети:

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скандалозниот син на норвешката принцеза ќе оди во затвор за силување, таа чека донор за транспланта... Додека се соочува со влошено здравје и чека бели дробови за трансплантација, нор...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
Хит потег на Astronomer со Гвинет Палтроу – ја најмија бившата нa фронтменот на Coldplay по скандало... „Компанијата доби многу прашања изминативе денови, па сакаа јас да одговорам на ...
На чај со Доналд и Меланија, па раскошна забава во градина: Кралот Чарлс и Камила на гости во САД За пречекот на кралскиот пар, Меланија избра костим со здолниште во путер жолта ...
Светски познат готвач од Македонија среде скандал – Ги малтретирал вработените, си даде оставка „Неколку вработени ни кажаа дека кога Реџепи сакал да ги дисциплинира, но во рес...
На инфлуенсерка која била намамена во Дубаи ѝ се заканува смртна казна со стрелање – убила маж во са... Млада инфлуенсерка од Англија моментално е во затвор во Дубаи откако во самоодбр...

Најчитани неделава