Шеф каков што секој посакува: Им дава по $2.000 долари на вработените за одмор

Постојат таков тип на луѓе кои избегнуваат да земат денови за годишен одмор од страв дека тоа ќе има последици по нивното работно место.

shef-kakov-shto-sekoj-posakuva-im-dava-po-2000-dolari-na-vrabotenite-za-odmor-01.jpg

Марк Даглас, директорот на макертинг компанијата „SteelHouse“ се соочил со таков проблем.

Неговите вработени одбивале да одат на одмор.

Но, имајќи на ум дека вработените се далеку попродуктивни кога се одморени, знаел дека мора да најде решение како да ги натера да отидат на одмор и да ја добијат заслужената и неопходна релаксација.

Решил на вработените да им даде по $2.000 долари кои можат да ги потрошат само на одмор - не е важно дали веднаш ќе ги потрошат сите пари или ќе ги користат на делови.

Со други зборови, на сметка на компанијата, вработени можат да одат каде ќе посакаат и да прават што и да посакаат.

Резултатите зборуваат сами од себе.

shef-kakov-shto-sekoj-posakuva-im-dava-po-2000-dolari-na-vrabotenite-za-odmor-1.jpg

Во последните 3 години само 5 од 250 вработени си заминале од компанијата, од кои тројца заминале од други причини, неповрзани со работата или компанијата.

Исто така, после одморот, вработените биле далеку попродуктивни.

„Едно е да кажете на вработените имате 3 недели за одмор“ - вели Даглас.

„Но, друго е да ги прашате вработените дали имаат и неопходни средства за тој одмор.“ - додава.

„А, од неизмерна важност е секој вработен да може да си ја врати енергијата и навистина да се одмори, барем еднаш годишно.“ - продолжува.

Според него, од најголема важност за компанијата е вработените да бидат одморени и полни со енергија за да бидат продуктивни.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Шатори, конзерви, па и човечки измет од несовесни планинари: Највисокиот камп на Монт Еверест претво... „Она што треба да биде едно од најубавите места на планетата стана едно од најгр...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
Членови на кралското семејство кои биле ужасни со вработените – Слугинките плачеле од Меган Маркл На принцезата Дијана воопшто не ѝ бил лесен животот со кралското семејство. Па, ...
„Добивме дете со ин витро, но клиниката искористила туѓ ембрион – не знаеме каде е нашиот“ Кон крајот на минатата година, пар од Флорида добил ќерка зачната со ин витро. Н...
„Јас сум горда спонзоруша, сакам богати мажи кои ќе се грижат за мене - и таков партнер си избрав“ „Ако тоа што сакам партнерот добро да се грижи за мене и да ме разгалува, ме ети...

Најчитани неделава