Среќен 2.763-ти роденден Рим!

Жителите на Вечниот град се облекоа како римски војници и парадираа околу Колосеумот, одбележувајќи ја 2.763-тата годишница од...

 

...основањето на Рим.

Иако според легендите Рим е основан на 21-ви април, Римјаните почнаа со славење многу порано.

Секоја година роденденот на Рим се одбележува на тој начин што жителите се облекуваат во гладијатори, сенатори и центуриони. Градските улици се накитени со цвеќе, а вратите од музеите се широко отворени за јавноста.

sreken-2763-ti-rodenden-rim

Легендата вели дека Рим е основан од страна на браќата близнаци Ромул и Рем, кои ги доела волчицата откако кралот Амулиј ги фрлил во реката.

Близнаците ги пронашол пастирот Фаустул, ги зел децата и ги однел дома. Тој и неговата жена Ака Ларенција немале деца, па одлучиле да ги посвојат, а таа им ги дала имињата Ромул и Рем.

sreken-2763-ti-rodenden-rim-1

sreken-2763-ti-rodenden-rim-2

Кога пораснале, слушајќи за својата судбина браќата отишле кај Амулиј. Ромул го убил, а власта му ја предале на дедо им Нумитор. Бидејќи Алба Лонга бил мал град, одлучиле да основаат нов.

Рим е основан на 21 април 753 година пред Христа, а името го добил по својот прв крал Ромул. Оттогаш Римјаните го пресметуваат времето. Тоа бил почеток на големото царство кое траело на врвот на светот цел милениум.

Би можело да ве интересира:

„Имам џуџест раст, а сопругата е со просечна висина – и нашите деца го наследија моето нарушување“ Кристијан Гарсија не дозволил неговиот џуџест раст да му биде пречка во животот,...
Епстин ѝ го финансирал раскошниот живот: Како поранешната (и разгалена) снаа на кралицата Елизабета ... Иако должела повеќе од 2 милиони долари, поранешната сопруга на принцот Ендру жи...
„Татко ми одамна продолжи понатаму“ - Ќеркa ја фотографира мајка си (61) во бикини за да си најде де... „Тој беше неверојатен и апсолутно прекрасен - сè до мигот кога престана да биде ...
Земјотрес од 6,9 степени на Филипини: Девојки панично бегаат од натпревар за убавина, деца загинале ... Поради земјотресот на Филипини има 69 загинати и речиси 150 повредени а надлежни...
Соња Реј падна од сцена, актерите непрепознатливи – „Млади бунтовници“ се собраа на концерт на Errew... Одглумија мини сцена како Соња Реј и Марица во кавга, додека ја пееја „Resistire...
Свадба завршила со трагедија: Младоженецот загинал во хеликоптерска несреќа неколку часа по прослава... На свадба во Америка, момчето и невестата тргнале со хеликоптер кон аеродромот з...

Најчитани неделава