Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Принцезата од Саудиска Арабија која ги руши стереотипите за жените од Блискиот Исток

Амира ат-Тавиљ е 33-годишна принцеза од Саудиска Арабија која инспирира со својата желба светот да го направи подобро место за живеење.

princeza-od-saudiska-arabija-koja-gi-rushi-stereotipite-za-zenite-od-bliskiot-istok-01.jpg

Таа е прекрасна, самоуверена, храбра и жена со цел. Се концентрира на хуманитарните проблеми не само во Саудиска Арабија, туку низ целиот свет.

Посетила повеќе од 70 земји за да ги разбере и реши големите проблеми со кој се соочува светот.

princeza-od-saudiska-arabija-koja-gi-rushi-stereotipite-za-zenite-od-bliskiot-istok-1.jpg

Принцезата се бори против сиромаштијата и последиците од природните непогоди.

Учествува во многу хуманитарни организации, сама отворила центар за заштита на младите во Западна Африка, помогнала на жртвите од поплави во Пакистан, отворила Центар за изучување на Исламот на Универзитетот во Кембриџ и ја предводела мисијата за помош на Сомалија.

princeza-od-saudiska-arabija-koja-gi-rushi-stereotipite-za-zenite-od-bliskiot-istok-2.jpg

Таа е меѓу првите жени во нејзината земја која одбила да носи Абаја - долг, широк фустан кој го покрива целото тело и почнала да носи модерна облека.

Поточно, таа носи комбинација на модерни и традиционални парчиња на облека.

princeza-od-saudiska-arabija-koja-gi-rushi-stereotipite-za-zenite-od-bliskiot-istok-3.jpg

Меѓу другото, таа се разликува и по други работи од традиционалниот начин на живеење. Вози автомобил, стекнала високо образование во САД и добила диплома за Бизнис Администрација.

Принцезата смета дека сите жени во нејзината земја треба да имаат право за избор и се обидува тоа да го претвори во реалност.

princeza-od-saudiska-arabija-koja-gi-rushi-stereotipite-za-zenite-od-bliskiot-istok-4.jpg

Принцезата е идеален пример за личност која се одликува со неверојатна убавина, добро срце и скромност.

Токму таквите луѓе, прават светот во кој живееме да биде подобро место.

princeza-od-saudiska-arabija-koja-gi-rushi-stereotipite-za-zenite-od-bliskiot-istok-5.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе со шеќерна волна и уште 15 фото-докази колку уникатна земја е Кина Во трговски центар има „остава за мажи“, односно место каде жените може да си ги...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Како помина вселенското патување на Лорен Санчез и Кети Пери со женски екипаж + зошто јавноста ја ис... Кети Пери им пеела во капсулата, па ја бакна земјата откако се вратија назад. Ка...
Принцезата од Дубаи „го откачи“ сопругот преку Инстаграм, 1 година откако потрошија 50 милиони долар... Пред една година направија кралска свадба, а сега се чини дека се разведуваат. ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg