Зошто е најдобро да растете деца во Шведска?

Многу родители се соочуваат со тешко искуство кога мора да заминат од дома на работа и да ги остават децата без да ги видат цел ден.

shvedska-e-edna-od-zemjite-so-najdobri-uslovi-za-roditelite-01.jpg

Но, постои земја каде ова не е проблем и каде системот ги поддржува родителите во процесот на одгледување на децата, а тоа е Шведска.

Благодарение на нивниот систем, родителите работат помалку часови, а некои дури и не мора да работат воопшто одреден период, а има и многу други бенефити, заради што се смета за земја каде има најповолни услови за родителите.

Шведска се одликува и разликува од останатите земји, по тоа што таму е најдолго платеното породилно отсуство, кое може да трае и до 480 дена, а најдобро од сè е тоа што истото може да биде поделено 50-50 помеѓу мајката и таткото.

shvedska-e-edna-od-zemjite-so-najdobri-uslovi-za-roditelite-02.jpg

А, поддршката на Шведска за родителите не застанува ни откако децата ќе потпораснат, со оглед на тоа што тие имаат право на 120 дена годишно отсуство за да се грижат за децата до нивна 12-годишна возраст во случај на болување.

shvedska-e-edna-od-zemjite-so-najdobri-uslovi-za-roditelite-003.jpg

Родителите дури имаат и право на 60 дена отсуство во годината, како компензација, ако нивното дете не е болно, но оној што го чува (баба, дедо, дадилка) не е во можност да се грижи моментално за него.

shvedska-e-edna-od-zemjite-so-najdobri-uslovi-za-roditelite-04.jpg

Доколку пак детето има помалку од 8 години, родителот има право и на скратено работно време.

Во меѓувреме, децата посетуваат претшколска настава, волонтерски од првата година, а задолжително од 3-та до 6-та година, со тоа што, владата плаќа 3 часа на ден и им помага на оние кои заработуваат помалку.

Кој не би посакал да создаде семејство во оваа прекрасна земја со бесконечни можности и услови?

shvedska-e-edna-od-zemjite-so-najdobri-uslovi-za-roditelite-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна лекција за жените од Мишел Обама: „Не мора да имате сè сега, животот е долг и има поглавја“ (в... „Невозможно е да имате сè сега, престанете со тоа. Што е тоа нетрпение и чувство...
Обучена е да ги заштити децата во терористички напад, забранет ѝ е еден збор - Која е дадилката на к... Многумина сметаат дека не постои подобра дадилка во светот од Марија Тереза и то...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Трошам 200.000$ дневно на себе“ - Домаќинка од Дубаи се фали со парите од сопругот Линда Андраде (27) е богата домаќинка од Дубаи. Нејзината приказна е како сценар...
„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкуло... „Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан ...

Најчитани неделава