Како се живее во фавелите во Рио де Жанеиро? (фото)

Куќите се бојат во ведри бои за барем малку да се разведри сивилото на нивното секојдневие исполнето со сиромаштија, дрога и убиства.

kako-se-zivee-vo-favelite-vo-rio-de-zaneiro-foto-01.jpg

Кога ќе се споменат бразилските фавели сигурно и вие помислувате на дувла на дрога, сиромаштија и убиства.

Денес тие се поврзуваат со негативни асоцијации во Рио де Жанеиро, но како всушност настанале?

Раѓањето на фавелите

Првата фавела се појавила во доцните 1800-ти.  По војната во Бахија бразилските војници отишле во Рио за да си ја земат заслужената исплата.

Чекале владата да им ги исплати парите и не сакале да си заминат додека владата не го стори тоа. Така се сместиле во соседството познато како Morro da Favela, именувано по favela дрвјата во Бахија, каде претходно војниците живееле и се бореле и тоа било раѓањето на првата фавела.

Кој живее во фавелите?

Многу академици оделе во фавелите за да го испитуваат начинот на живот на необразованите сиромашни луѓе кои живеат во нечиста околина, каде многу граници се поместени, како што е и онаа за стапување во сексуални односи.

Веќе во 1920-тите на фавелите се гледало како на гнездо на криминалот и како пречка за урбаниот развој на градот. Но, во 1940-тите масовната миграција од селата во градот предизвикала криза за домување во Рио, како и економска криза.

Луѓето немале поддршка од владата, па со своите скромни средства се населувале во постоечките фавели и граделе нови.

Неуспешните акции на владата

Во 1960-тите владата се загрижила поради немањето основни услови за живот во фавелите како струја и основно ниво на хигиена, па сместила илјадници луѓе во куќи изградени од државата.

Сепак, поради лошо планирање овој проект пропаднал и тие куќи се претвориле во нови фавели.

Веќе во 1980-тите во фавелите живееле нарко босови, водачи на банди и трговци со оружје. Милиони долари минувале оттаму и нелегалниот бизнис им донел невидено богатство на лидерите.

Во 2008 имало крвава борба помеѓу полицијата и бандите. Насилството и несигурноста се зголемиле градот, но кога прашината легнала насилните фавели се стабилизирале под контролата на државата.

Сега има повеќе полиција, построги правила и малку пооптимистични изгледи за животот на луѓето во фавелите. Голем број од жителите на фавелите не одбрале да живеат таму, туку едноставно немале друг избор.

Фавелите во Рио де Жанеиро:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...

Најчитани неделава