Скандалозен настан во Белгија - илјадници луѓе откопуваа секс играчки (фото)

Овој настан е вистински приказ како е кога ќе претерате со маркетингот и ќе налутите илјадници луѓе, но не ви е грижа.

skandalozen-nastan-vo-belgija-iljadnici-lugje-otkopuvaa-seks-igrachki-foto-01.jpg

Велат дека секој маркетинг е добар маркетинг, па дури и оној кој ќе побуди негативни емоции кај потенцијалните купувачи. Важно е што таа маркетинг кампања ви го привлекла вниманието и станувате свесни за постоењето на одреден бренд.

Сепак, една компанија за секс играчки во Белгија ги премина границите и, верувале или не, тоа го прави веќе осум години по ред. Традиционално на Велигден таа закопува секс играчки, кои учесниците треба да ги бараат.

skandalozen-nastan-vo-belgija-iljadnici-lugje-otkopuvaa-seks-igrachki-foto-04.jpg

Годинава беа закопани 800 секс играчки и 4.000 жени учествуваа во потрагата по нив. На мажите им било дозволено учество само ако се маскираат, па 200 мажи го сториле тоа. Од костими како кондоми до како вибратори, тие смело го прифатиле предизвикот.

skandalozen-nastan-vo-belgija-iljadnici-lugje-otkopuvaa-seks-igrachki-foto-02.jpg

Одговорните во компанијата „Soft Love“, чие седиште се наоѓа во Белгија, откриваат дека добиваат илјадници поплаки за нивниот настан, но тие не се обесхрабрени и ќе продолжат со традицијата.

skandalozen-nastan-vo-belgija-iljadnici-lugje-otkopuvaa-seks-igrachki-foto-03.jpg

Настанот се одржува под мотото дека треба да се слави слободата на изразување на жените, меѓу кои и за сексуалноста, се разбира.

Што мислите за овој бизарен начин на маркетинг?

skandalozen-nastan-vo-belgija-iljadnici-lugje-otkopuvaa-seks-igrachki-foto-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...

Најчитани неделава