Приказна која ќе ве разнежни, охрабри и мотивира: Имон Вуд e човекот кој го прошета светот во инвалидска количка

Сѐ започнало кога Имон Вуд решил дека сака да патува, да заборави на сѐ што му се случува во животот и да биде слободен...

prikazna-koja-ke-ve-raznezni-ohrabri-i-motivira-imon-vud-covekot-koj-go-proseta-svetot-vo-invalidska-kolicka-01.jpg

Првичниот план бил преку автостоп да помине повеќе од 250 километри од Мајами, Флорида до Ки Вест, но тогаш ја слушнал приказната за велосипедската патека која ги поврзува овие две места, па решил да се обиде да стигне преку патеката.

Вуд е во инвалидска количка од свои четири ипол години, откако по сообраќајна несреќа му бил оштетен долниот 'рбетен мозок.

Сега тој има 28 години, а во својот живот постојано се обидувал да ги надмине своите физички и ментални граници. Го претставувал Нов Зеланд во тенис и кошарка за инвалиди.

„Го сакам сонцето, сакам авантури, а највеќе од сè сакам физички да се предизвикувам, не затоа што знам дека инвалидската количка нема да ме успори, туку затоа што вежбањето е совршениот антидепресант. Најдоброто чувство е кога ќе ги истуркаш своите тело и ум преку она што мислиш дека е границата. Да стигнеш до момент кога му зборуваш на телото со цел да продолжиш да се движиш... Живеам за тоа чувство.“

Без многу планирање, првиот ден тој поминал 32 километри, нешто што не е многу за човек со таква издржливост. Вториот ден, по четири часа патување, тој забележал дека оди во погрешна насока, па некако (и покрај тоа што е против законот да автостопирате во Флорида) тој успеал да најде превоз.

Се спуштил на плажата, со цел да најде место каде што би можел да преспие, меѓутоа поради големата гужва, тој продолжил до самото зајдисонце. Поради празниците, сите места кои ги проверил биле преполни.

Поставувајќи си план за остатокот од патувањето, тој продолжил да се движи сè до раните утрински часови, запирајќи да одмори на некое безбедно место лежејќи врз ранецот.

Таа ноќ тој продолжил до 5 часот наутро, бидејќи не можел да најде доволно безбедно место да преспие.  

Шестиот ден тој стигнал до Ки Вест, каде открил дека е веќе познат кај локалното население.

Prikazna-koja-ke-ve-raznezni-ohrabri-i-motivira-Imon-Vud-covekot-koj-go-proseta-svetot-vo-invalidska-kolicka3.jpg

Тој уште на возраст од 22 години мотивиран од филмот „Into the Wild“, решил дека до 28-миот роденден ќе започне со патување. Во меѓувреме завршил занаетчиски курс, нашол работа и зачувал пари за неговата идна авантура.

На 27 години, тој си го оддржал ветувањето, тргнувајќи кон Велика Британија, со цел да открие што му е важно во животот без да му биде одземено вниманието од секојдневните рутини.

prikazna-koja-ke-ve-raznezni-ohrabri-i-motivira-imon-vud-covekot-koj-go-proseta-svetot-vo-invalidska-kolicka-002.jpg

„Главниот план ми беше да немам план и да видам каде ќе завршам. Не размислував премногу за тоа, само го сторив.“

На спонтаната турнеја низ Велика Британија, Вуд одел каде што ќе го одведе возот, или каде што ќе го одведат новите пријатели. Преживеал со помош на неговите заштедени пари, како и преку свирење гитара на улица.

Откако открил дека може да изнајми автомобил кој се контролира со помош на рацете, решил да влезе и да вози без посебна цел. Спонтано тој завршил во Ајона, мал остров на југозападниот дел од Шкотска, за кој дознал од таткото на неговата поранешна девојка.

Во февруари, тој стигнал во САД, со цел да купи комбе со кое што би патувал наоколу. Ова се покажало потешко од очекуваното, па Вуд побарал работа на веб-сајт кој им нуди можност на луѓето да работат некаде за да добијат сместување.

Со помош на овој веб-сајт, тој ги поминал следните седум месеци работејќи низ САД, а потоа и Европа. Патувајќи само со мал ранец и својата гитара, тој открил дека е поблизок до природата од било кога.

Prikazna-koja-ke-ve-raznezni-ohrabri-i-motivira-Imon-Vud-covekot-koj-go-proseta-svetot-vo-invalidska-kolicka4.jpg

Сега е назад во неговиот роден град, каде што планира да работи неколку месеци пред да скокне во нова авантура. Не знае каде ќе оди, но желбата му е да отиде на некое запуштено место и да живее од тоа што го дава природата.

„Зошто да не се заврзам за столчето и да се префрлувам од дрво на дрво како Тарзан? Сакам да имам шанса различно да му пристапам на животот отколку во минатите 28 години.“

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми дав... „Поминав четири години во кревет, ме хранеа само колку да преживеам“, открива па...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg