Сечење нокти, гасови: Најгрозните работи што некогаш им се случиле на патници во авион

Иако некогаш летовите може да бидат сосема пријатни, се случува некогаш да се претворат во хорор филм.

najgroznite-raboti-shto-nekogash-im-se-sluchile-na-patnici-vo-avion-01.jpg

И, не зборуваме за турбуленции и слични ситуации, туку за некултурата на сопатниците, или пак некои други ситуации од кои сте се згрозиле.

Корисниците на Reddit споделуваат лични искуства за тоа кој бил најгрозниот момент кој го доживеале за време на лет.  

Дури и ако не сте доживеале вакви работи, кога ќе ги прочитате приказните, ќе ви се згрози качувањето во авион:

„Видов возрасен човек без чевли како си ги грицка ноктите на нозете.“

„Едно момче се наведна од седиштето и поврати, а повраќаницата се лизгаше низ цел авион по коридорот.“

„На 14-часовен лет, еден стар маж до мене имаше многу лоши гасови, а најлошо беше кога ќе заспиеше и ќе ми се свртеше со грб, стуткан во седиштето...“

„Жената која седеше до мене во сон почна да повраќа врз мојата рака и скут. Повикав стјуардеса, а по 30 секунди таа се разбуди и немаше сеќавање што се случило.“

„Човекот зад мене си ги соблече чевлите и чорапите по полетувањето и ги стави смрдливите нозе на мојот потпирач. Не го толерирав тоа и веднаш му кажав дека не му е таму место во наредните 7 часа.“

„Мојата сопруга прдна. Мирисаше толку лошо, што ги слушав луѓето три реда поназад како се жалат. Таа се правеше дека спие, а стјуардесата помина и ме испрска со некој цветен освежувач, па морав да ја преземам вината.“

„Еднаш летав во прва класа, а имаше маж до мене кој си ги сечеше ноктите на нозе, па парчиња летаа насекаде!“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...

Најчитани неделава