Како изгледа градот на Алјаска каде речиси сите живеат во една зграда? (фото)
- Детали
- недела, 11 ноември 2018
Во зградата се и полициската станица, маркетот, клиниката, црквата и училиштето, а околу неа е снежно пространство со ирваси.

Витиер е мал, изолиран град на Алјаска за кој често се користи називот „град под еден покрив“. Во него живеат 217 луѓе и пристапен е само со брод или со тесен, еднонасочен тунел.
Чудно е што во овој град сите жители живеат во една зграда „Begich Towers“, која е изградена во 1974 година.
Во склоп на неа се и полициската станица, маркетот, клиниката, црквата и училиштето. На овој начин штедат енергија за греење на екстремно ниските температури.
Во оваа зграда дури се нуди и сместување за гостите кои сакаат да набљудуваат како изгледа животот во ова уникатно гратче.
Животот во Витиер:
Насоките за поминување во тунелот за да стигнете до Витиер се менуваат на секои 30 минути.

Вака изгледа влезот на тунелот:

Патувањето низ него е малку клаустрофобично.

Ова е зградата во која сите живеат.

Вака изгледа нејзиниот влез:

Има многу катови.

Има ирваси веднаш пред зградата.
