„Се тресеше и беше страшно, но вредеше“: Како изгледа качувањето по скали помеѓу два планински врва?

Некои ги нарекуваат скали до рајот, а овие трагачи по авантура и адреналин успеале безбедно да се искачат по нив.

se-treseshe-i-beshe-strashno-no-vredeshe-kako-izgleda-kachuvanjeto-po-skali-pomegju-dva-planinski-vrva-01.jpg

Дали некогаш сте помислиле дека постои скала од челик и јаже која поврзува два планински врва, по која може да се качувате?

Токму таква постои на австриските Алпи, долга е 40 метри, а двајца другари кои се зависни од адреналин и авантура се искачувале по неа и го овековечиле тоа искуство за да го споделат со сите.

Не постои безбедноста мрежа која ќе ве задржи ако паднете и потребна е голема храброст и добра опрема за таков чекор, но очигледно вреди за искуството и глетката која ја добивате.

Фотографот Sebastian Scheichl и неговиот пријател Johannes Jank споделија неверојатни фотки и видео од овој предизвик, а за да го доловат моментот користеле дрон камери.

Sebastian открива дека качувањето било малку страшно и дека скалата се тресела заради ветерот, но дека биле обезбедени со добра опрема, а глетките ги опишува како извонредни.

Потребна е навистина голема храброст и ретко кој би се осудил да се качува по скала која се тресе, на врв на планина, без безбедноста мрежа и на ветровито време.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се лекувал со индуцирана кома: Каде исчезна познатиот психолог, кој има болест што е наречена „најст... Психологот Џордан Питерсон, кој е меѓу еден од најпродаваните автори од поново в...
Неодговорно! Родители качиле 9-месечно бебе на смрзнат планински врв во Полска и не можеле да го сим... „Да качуваш деветмесечно бебе на опасна планина без никаква опрема е повеќе од н...
Прељубничката од концертот на Coldplay: „И маж ми беше таму, знаеше дека сум блиска со директорот“ „Мојот сопруг знаеше дека со директорот бевме блиски соработници, знаеше дека из...
По 3 месеци се огласи сопругот на прељубничката од концертот на Coldplay: „Веќе бевме разделени“ Кога се случил скандалот, Ендру Кабот, сопругот на Кристен бил на службено патув...

Најчитани неделава