По 3 месеци се огласи сопругот на прељубничката од концертот на Coldplay: „Веќе бевме разделени“
- Детали
- вторник, 09 септември 2025
Кога се случил скандалот, Ендру Кабот, сопругот на Кристен бил на службено патување во Јапонија, а дознал за аферата кога видел новинари и камери пред неговата куќа, дури откако се вратил во САД.

Веќе три месеци во јавноста не престанува да се зборува за прељубниците кои беа фатени на камера на концертот на Coldplay - извршниот директор на милијардерската компанија Astronomer, Енди Бајрон (50) и Кристин Кабот (52), шеф на одделот за човечки ресурси во истата компанија.
Откако беше објавено видеото на кое се гледа како уживаат во концертот, а потоа се кријат зашто сфаќаат дека нивната афера е откриена, многумина се прашуваа дали нивните сопружници ќе им простат или нема да поминат преку прељубата и ќе ги остават.

На оваа тема конечно се огласи Ендру Кабот, сопругот на Кристин.
Преку свој претставник за јавноста, тој за магазинот People истакна дека биле разделени неколку недели пред аферата да стане јавна и светот да дознае за неа.

Парот бил во брак 2 години, а Кристин кон срердината на август поднела официјално барање за развод.
„Ендру и Кристин се разделија мирно неколку недели пред скандалот. Нивните планови да се разведат беа почнати и пред концертот.
А сега, кога се знае дека е поднесено и официјално барање за развод, Ендру се надева дека ќе престанат шпекулациите и дека неговото семејство ќе ја задржи приватноста која секогаш ја ценел“ - стои во првото огласување во име на изневерениот маж.

Ендру (61) е извршен директор на Privateer Rum.
Тој и Кристен беа во брак 2 години и немаат деца. Од првиот брак, пак, тој има две деца.
Кога се случил скандалот, тој бил на службено патување во Јапонија, а дознал за аферата кога видел новинари и камери пред неговата куќа, откако се вратил во САД.

Прочитајте и Фатени на дело: Директор и колешка љубовници, уловени на камера на концерт на Coldplay (видео)
А. Ј. | Црнобело