Стен Ли, креаторот на Марвел Универзумот, почина на 95 години

Стен Ли, популарниот американски писател на стрипови, почина на 95 годишна возраст. Тој беше сопственик на Марвел издавачката куќа за стрипови и креатор на најпознатите стрип јунаци од актуелните блокбастер филмски адаптации како што се: Спајдермен, Ајрон Мен, Хулк, Фантастичната четворка, Авенџерс и други.

Sten-Li-pochina-na-95-godini-01.jpg

Причината за неговата смрт не е позната. Адвокатот на ќерката на Ли изјавил дека креаторот на стрип јунаците бил однесен од неговиот дом во Лос Анџелес со амбулантно возило во медицинскиот центар Сидар Синаи во понеделник изутрина, каде што подоцна и починал.

Стен Ли ја започнал својата кариера во стрип индустријата уште во 1939 година во тогашната Timely Comics. 

Тогаш работел како писател, уредник и понекогаш и илустратор, но бидејќи бргу му досадила ограничената работа, наскоро, започнал свој бизнис како конкуренција на тогаш најголемата куќа за стрипови DC (тогаш познати како National Comics).

Sten-Li-pochina-na-95-godini (1).jpg

Sten-Li-pochina-na-95-godini (4).jpg

Во раните '60-ти години на минатиот век, Стен Ли добил задача да создаде тим на супер херои коишто ќе бидат конкуренција на Justice League на DC. 

Овој период го означува почетокот на златната ера на стрип бизнисот, а компанијата на Стен Ли, Marvel ги ревитализира стрип јунаците со тоа што им дава поголема длабочина на ликовите и креира почовечки суперхерои со маани и проблеми.

Прво, како конкуренција се појавиле Fantastic Four, а подоцна и X-Мen, за на крај да дојде вистинскиот пандан на Justice League, олицетворен во групата Avengers.

Sten-Li-pochina-na-95-godini (3).jpg

Во 1972 година Стен Ли станал главен уредник на Марвел, а подоцна продолжува сè повеќе да го шири брендот, па дури и да се појавува во голем дел од филмските адаптации на своите супер херои, во споредна кратка камео улога.

И покрај овој голем успех на неговите креации, Ли не успеал да ја инкасира во голема мера нивната популарност, барем не во споредба со успехот на филмовите и фирмата Marvel. Неговото богатство се проценува на 50 милиони долари.

Sten-Li-pochina-na-95-godini (5).jpg

Трагедијата го погоди Стен Ли лани, кога почина неговата жена на 95 години со којашто беше во брак цели 69 години. 

Тие биле многу блиски и негувале вистинско партнерство, а таа, исто така, се појави во последниот X-Мen филм, па затоа не е ни чудно што неполна година подоцна почина и Стен на истата возраст како и жена му.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Син ми е бодибилдер на 14 години и држи строга диета – ме критикуваат, но јас сум горда“ Мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики бидејќи го охрабрува син ѝ ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава