Девојките во Ирска ги сликаат танга гаќичките со моќна порака (фото)


Девојките во Ирска ги сликаат танга гаќичките со моќна порака (фото)

Дали танга гаќичките или провокативната облека се покана за силување? Дефинитивно не! СТОП за уште еден ваков скандалозен судски процес.

devojkite-vo-irska-gi-slikaat-tanga-gakjichkite-so-mokjna-poraka-foto-01.jpg

Девојките од Ирска на Твитер со хаштагот #ThisIsNotConsent објавуваат фотографии од нивните танга гаќички.

Причината е што на судење на еден 27-годишен маж од Ирска за силување на 17-годишна девојка, како еден од доказите одбраната ги навела танга гаќичките од тантела на девојката, што ги носела на ноќта кога била силувана. Мажот бил прогласен за невин, а во Ирска има протести поради ова.

Дали начинот на кој сме облечени дава повод некому да не силува? Ова е прашањето што девојките го поставуваат и бурно негодуваат за овој потег.

Инаку, во Шкотска имаше скандалозно судење од овој тип во 2001 година кога 16-годишната Линдзи Армстронг била силувана од 14-годишно момче, а пред судот биле прикажани нејзините танга гаќички од тантела на кои пишувало „Little devil“ (мал ѓавол), а девојката дури била присилена да го прочита написот на глас пред судот, додека се гушела во солзи.

Малолетникот бил осуден на 4 години затвор и заведен во регистарот на сексуални напаѓачи, но таа по судењето се самоубила на 17-годишна возраст. Нејзината мајка ја поддржа актуелната кампања во Ирска.

Дали танга гаќичките или провокативната облека се покана за силување? Дефинитивно не!

Жртвите не смеат да трпат вакви понижувања на суд. Единствен виновник за силувањето апсолутно секогаш е само силувачот, е пораката што мора да биде чуена во целиот свет.

Дел од објавите со хаштагот #ThisIsNotConsent:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 фото докази дека светот е убав ако ја видиме љубовта околу нас „По 60 години брак тој е со неа, иако таа сега има деменција и не се сеќава на н...
Како изгледа градот на Алјаска каде речиси сите живеат во една зграда?... Во зградата се и полициската станица, маркетот, клиниката, црквата и училиштето,...
Косата ѝ е долга речиси два метри и не ја измила скоро 20 години (фото... Вели дека мирисите кои се впиваат во нејзината коса ѝ се драги затоа што ја потс...