Тераси на покривите, животот почнува на 40 години: 9 факти за животот во Шпанија
- Детали
- четврток, 13 декември 2018
Не е важно што ќе кажат другите, па така се прекршуваат стандардите за убавина, неретко се раѓа прво дете по 35-тата, а пензионерките носат шарени фустани.

Шпанија нуди многу и изгледа како совршена земја за одмор, но што мислите за живеењето таму?
Зошто е добро да се живее во Шпанија:
Жените не се придржуваат во одредени стандарди за убавина, па носат спортска облека за да им е удобно, ја оставаат косата седа, но ако сакаат ставаат тон циркони на ноктите и црвен кармин.

Породилното отсуство трае само 4 месеци и ако сакате може да го продолжите, но на свој трошок. Добро е што родителските обврски мајките подеднакво ги делат со татковците.

Некои улици се мијат секој ден, а останатиот дел од градовите неколку пати неделно и се користат дури и специјални средства за тоа. Не е чудно што Шпанците не ги соблекуваат чевлите кога одат на гости.

На 40 години животот штотуку започнува и таму нема такво нешто дека забавата е само до 25-годишна возраст. Повеќето стапуваат во брак по 30-тата, а имаат деца по 35-тата.

Пензионирањето не е причина да не облечете нов шарен фустан и не е чудно да видите пензионери во салони за убавина, во кафулиња или како убаво дотерани шетаат на плажата.

На училиштата децата може да изберат специјално мени и да се внимава на тоа ако вашето дете е алергично на глутен пример или на која било состојка.

Шпанците имаат време за појадок, па време за ручек кој се претвора во сиеста (попладневна дремка) и нивниот работен ден е навистина релаксиран.

Собите во болниците за мајките со новороденчиња изгледаат како соби од хотел со 5 ѕвезди.

Имаат отворени тераси на покривите на кои има маси за јадење, цвеќиња, па дури и мини кујна. Тука Шпанците минуваат многу време.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура...
Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“
„Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце)
Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо...
23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она...
Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“
Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...