80-годишна баба плете капи за новороденчиња со различни сезонски мотиви

80-годишна баба плете капи за новороденчиња, со сезонски мотиви кои нејзината ќерка ѝ ги наоѓа на Пинтерест.

80-godishna-baba-plete-kapi-za-novorodenchinja-so-razlichni-motivi-01.jpg

Дорис Бендер е 80-годишна пензионерка од Мериленд, а нејзиното хоби е плетење капи со различни мотиви за новороденчиња.

Таа почнала да плете капчиња за новороденчиња пред 3 години, по идеја на нејзината ќерка:

„Мојот сопруг гледа спорт секоја вечер, а мене ми требаше некое хоби. Не можев да седам и да гледам спорт кога не сум заинтересирана за тоа. Ќерка ми ми предложи да почнам да правам капи за новороденчиња, се јави на медицинска сестра и така започнав.“ – вели Бендер.

80-godishna-baba-plete-kapi-za-novorodenchinja-so-razlichni-motivi-02.jpg

Ќерката на Дорис стапила во контакт со медицинска сестра од соседната болница, која со задоволство го прифатила нивниот предлог.

Таа ѝ помага на нејзината мајка така што ѝ наоѓа идеи за шари и изглед на капчињата од Пинтерест и ја известува секојпат кога има попуст на предиво во локалните продавници.

80-godishna-baba-plete-kapi-za-novorodenchinja-so-razlichni-motivi-03.jpg

Дорис плете околу 3 часа секоја вечер, но го користи и секое друго слободно време за создавање бебешки капчиња со различни, сезонски мотиви.

Капчињата кои таа ги прави соодветствуваат на секоја сезона, така што во зима прави капи со снешко и ирваси, во пролет става логоа на локални бејзбол тимови, за Валентајн прави капчиња со срциња и слично.

80-godishna-baba-plete-kapi-za-novorodenchinja-so-razlichni-motivi-04.jpg

Капчињата кои новороденчињата ги добиваат им значат и на родителите кои ги чуваат како спомен од 80-годишната Дорис, кој ќе им го покажат кога ќе пораснат.

80-godishna-baba-plete-kapi-za-novorodenchinja-so-razlichni-motivi-05.jpg

80-godishna-baba-plete-kapi-za-novorodenchinja-so-razlichni-motivi-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Ги обвини родителите за силување, ја приморувале на ритуали: Ќерка на израелска политичарка пронајде... „Почнувајќи од возраст на две и пол години, моите родители ме носеа на педофилск...
Гениј од Белгија докторира на 15 години – студирал квантна физика, ќе продолжи со медицина Лорен Симонс има само 15 години, но веќе е доктор на науки од областа на квантна...
Ја криеше од јавност, а сега ја носи на сите важни настани: Што знаеме за ќерката на Ким Џонг Ун кој... Откако првпат се појави во јавност во 2022 година, 12-годишната ќерка на Ким Џон...

Најчитани неделава