Двете најлоши работи кои патниците ги прават во авион, според стјуардесата која јавно ги срами

Поранешна стјуардеса која сега е позната по Инстаграм профилот @PassengerShaming, каде објавува ужасни фотки од патници во авион, сега открива кои се двете најлоши работи кои тие може да ги направат.

dvete-najloshi-raboti-koi-patnicite-gi-pravat-vo-avion-spored-stjuardesata-koja-javno-gi-srami-1.jpg

Сите некогаш сме патувале со луѓе кои немаат никаква култура и обѕир за останатите патници како и персоналот во авионите и свесни сме колку многу постојат таквите.

Шон Кетлин е поранешна стјуаердеса која одлучила да стави акцент токму на тие патници и на нејзиниот Инстаграм профил Passenger Shaming објавува фотки кои сведочат за некултурата на истите.

Додека работела како стјуардеса таа се соочила со секакви патници кои поставувале чудни и страшни прашања, добивала невообичаени барања, се справувала со некултурни и безобразни луѓе кои ја влечеле за облека и ја омаловажувале.

Шон одлучила да ги запишува во дневник сите работи со кои ќе се соочи за време на смена и со тек на време почнала да ги објавува на нејзиниот блог.

dvete-najloshi-raboti-koi-patnicite-gi-pravat-vo-avion-spored-stjuardesata-koja-javno-gi-srami-02.jpeg

Сепак, иако имало многу работи кои ѝ оделе на нерви за време на работата, таа издвојува 2 најлоши работи кои патниците може да ги направат.

1. Не признавање и омаловажување на екипажот или обвинување за работи кои се надвор од нивна контрола

„Можеби звучи смешно, но добро е да не се игнорира постоењето на екипажот и можеби да се каже едно здраво или благодарам.“ – споделува таа и додава дека многупати кога стјуардесите ќе им посакаат добредојде на патниците, тие само ја вртат главата.

„Бидете свесни за вашата околина. Бидете пријателски настроени. Не е виновна стјуардесата што има торнадо или бура или механички проблем кој ни пилотот не може да го реши. Сум имала патници кои велат ‘не може ли само да прелетаме околу торнадото?’ Многу е слатко што го мислите тоа. Сите сакаме да стигнеме безбедно. Почитувајте го екипажот и нивната стручност и сфатете дека немаат контрола над природата.“

2. Боси нозе за време на лет

Доколку го следите Инстаграм профилот ќе сфатите дека Шон не е фан на боси нозе за време на лет, исто како и многу други.

„Во ред сум со луѓе кои ги соблекуваат чевлите ако:
1. Имаат чисти чорапи кои не мирисаат и
2.Нозете им стојат на подот, а не врз нечија глава или прозор.“

Таа советува да не ги соблекувате чевлите по секоја цена и да ги држите покриени, бидејќи нивното место не е на потпирачот или пред луѓе.

Се сложувате ли?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...

Најчитани неделава