Што се продава во гифт шопот на Бакингемската палата?
- Детали
- четврток, 13 јуни 2019
Лажици и додатоци за готвење, џем, крема и уште многу други чудни работи со кралско обележје се продаваат во гифт шопот на Бакингемската палата.
Бакингемската палата е една од најпопуларните туристички атракции во Лондон, со оглед на тоа што е дом на кралицата Елизабета, а се поврзува и со многу историски настани, кралски свадби, паради, државни банкети и многу други работи кои се одржувале во резиденцијата.
Во близина на палатата има официјална продавница каде може да се најдат и купат секакви „кралски“ ситници, истата е декорирана со огромен портрет од кралицата, а може да се слушне и националната химна и останати мелодии во духот на кралското семејство.
Од капи за туширање до кралска крема – кои се најбизарните работи што може да се купат таму?
Кадифени животинчиња посветени на крзнените пријатели на кралицата
Приврзоци со куче од омилената раса на кралицата
Капа за туширање
Дрвени лажици
Цел оддел за кулинарство
Книга со рецепти за кралски чаеви
Како и цел дел посветен на кралски чајанки
Минијатурни шолји за чај
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





