Детален преглед на педофилскиот остров за оргии на милијардерот Џефри Епстин
- Детали
- петок, 26 јули 2019
Обвинет е за трговија со малолетни девојки и сексуално искористување, а сето ова го спроведувал од рајски остров на Карибите.

Осудениот сексуален престапник милијардерот Џефри Епстин (66) има многу недвижнини, а поседува и 2 приватни острови на кои се одвивале низа од неговите нелегални активности.
Американскиот инвеститор и финасиер е обвинет за сексуално искористување на низа девојки од по 14 години, трговија со луѓе, како и за детска порнографија.

Епстин има сексуално напаѓано и Victoria’s Secret модели во хотелски соби кои наводно ги викал на кастинзи, благодарение на неговите врски во високите општествени кругови.

Ако е осуден, може да се соочи со 45 години затворска казна.
Toj поседува два приватни острови.

Факти за неговиот имот:
Во 1998 година тој го купил островот Little St. James, кој е дел од Девствените острови на Карибите.

Островот локалците го нарекуваат уште и „педофилски остров“ и „остров на оргии“.

Епстин го купил островот за 7.95 милиони долари.

На Little St. James Џефри носел малолетни девојки со приватен џет.

На островот има 5 градби и тоа вила, библиотека, кино итн.

Главната градба има тиркизен покрив.


На островот има и чудна градба во вид на храм со бело-сини линии, на кој наводно има врата која е дизајнирана да бидете „заробени“ внатре. Градбата имала и златен покрив, но ја однел ветрот. За намената на градбата постојат низа контроверзни претпоставки.
