„Никогаш не сте доволно стари за ништо“ - Баба магистрирала на 90 години

Замислете си да одите на факултет со колешка која е 4 години постара од вас и сака да го надогради своето знаење исто како и вас. 

neverojatna-prikazna-baba-ja-dobila-svojata-univerzitetska-diploma-na-90-godini-01.jpg

Токму таква е ситуацијата на 90-годишната Лорна Прендергаст, која се запишала на онлајн курс за програма за стареење и влијанието на музиката врз деменцијата, која се нуди на Универзитетот во Мелбурн.

Знаеме дека повеќето постари луѓе не ни знаат да го вклучат компјутерот, но оваа баба сфатила и како може да студира преку него. На доделувањето на дипломите го добила и најголемиот аплауз.

neverojatna-prikazna-baba-ja-dobila-svojata-univerzitetska-diploma-na-90-godini-05.jpg

„Колку повеќе знам сега, толку повеќе сакам младите да ги следат своите соништа. Никој не е премногу стар за да седне и да рече: Премногу сум стар, не можам да го направам тоа. Во речникот не постои зборот не можам.“

neverojatna-prikazna-baba-ja-dobila-svojata-univerzitetska-diploma-na-90-godini-02.jpg

Лорна добила желба да учи по смртта на нејзиниот сопруг со кого била во брак цели 64 години. Додека гледала серија во својот дом, си помислила кон каде се движи нејзиниот живот.

Додека размислувала за тоа, на телевизија се појавила програма која објаснувала за придобивките од музиката кај луѓето со деменција.

„Си помислив дека сакам да дознаам нешто повеќе за ова, бидејќи го имав искусено во домовите за стари лица. Гледав како музиката им помага на тамошните пациенти.“

Лорна изјавила дека вработените во универзитетот ѝ го олесниле студирањето што е можно повеќе. Истовремено ѝ ја објасниле целата технологија што ѝ била потребна за да ги заврши студиите.

neverojatna-prikazna-baba-ja-dobila-svojata-univerzitetska-diploma-na-90-godini-03.jpg

Можеби мислите дека сега Лорна конечно ги исполнила своите желби, но таа го тврди спротивното и сè уште не знае во која насока ќе се движи нејзиниот живот.

„Ќерка ми ме потсети на цитат од К.С. Луис: Никогаш не си премногу стар за да сонуваш. А јас верувам во тоа. Можеби не знам што е мојот следен проект, но сигурно ќе излезе нешто.“

neverojatna-prikazna-baba-ja-dobila-svojata-univerzitetska-diploma-na-90-godini-04.jpg

Оваа жена е доказ дека можете да направите што сакате, без разлика на вашата возраст. Па, почнете уште денес и искористете ја како инспирација!

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...

Најчитани неделава