Собирачи на отпад ѝ го разубавиле 100-иот роденден на омилената баба во соседството

Сигурно сметате дека 100-тиот роденден е вистинско достигнување, но една старица не очекувала ништо за нејзиниот. Сепак, група собирачи на смет кои долго ја знаеле старицата решиле да ѝ го разубават роденденот.

sobirachi-na-smet-iznenadile-starica-za-nejziniot-100-ti-rodenden-01.jpg

На денот на нејзиниот 100-ти роденден, неколку собирачи на смет се собрале пред куќата на старицата Мејси, запалиле свеќи на мала торта и затропале на нејзината врата.

Кога ја отворила вратата, собирачите почнале да ја пеат роденденската песна – гест на кој Мејси не останала рамнодушна.

Мажот што ја носел тортата ѝ рекол: „Посакај да доживееш 105 години“, на што Мејси на шега му одговорила: „Замолчи!“

Видеото од настанот е споделено на Reddit и веднаш се прослави.

Еден корисник коментирал:

„Искрено, ова е едно од најубавите нешта што ги имам видено. Работев во дом за стари лица и нема ништо поубаво од тоа кога ќе ги изненадеа со добри гестови.

Не размислуваме многу за тоа, но староста може да биде многу тешка за некои луѓе и верувам дека ова навистина ѝ го направи денот поубав.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Потрошив многу пари за новогодишни подароци на син ми и сега не знам како ќе си ги платам сметките“ „Приходите навистина почнаа да ми се пресушуваат. Ова е застрашувачко време за м...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...

Најчитани неделава