Политичко ривалство - Приказната за напуштениот хотел во Северна Кореја со два неуспешни обиди за отворање

Во 1987-ма година, во Пјонгјанг започнала изградбата на огромен нов хотел. Градбата со форма на пирамида била дизајнирана со најмалку 3.000 соби, како и 5 ротирачки ресторани со панорамска глетка.

prikaznata-za-rjugjong-napushteniot-hotel-vo-severna-koreja-01.jpg

Името Рјугјонг потекнува од стар прекар на Пјонгјанг и значи „Главен град на врбите“. Хотелот требало да биде отворен после две години, но тоа никогаш не се случило.

Иако структурата ја постигнала саканата височина во 1992-ра година, уште 16 години стоела без прозорци. Исто така се гледала и бетонската структура на хотелот, па поради изгледот си го добил прекарот „Проколнатиот хотел“.

prikaznata-za-rjugjong-napushteniot-hotel-vo-severna-koreja-02.jpg

Хотелот е затворен и денес и моментално е највисоката празна зграда во светот.

Пион од студента војна

Хотелот е продукт на ривалството помеѓу Јужна и Северна Кореја за време на Студената војна. Една година пред да започне градбата, една јужнокорејска фирма го изградила тогаш највисокиот хотел – Westin Stamford во Сингапур. Во меѓувреме, Сеул се подготвувал за летните Олимписки игри во 1988-ма година.

Како политички одговор на достигнувањата на југот, во Пјонгјанг се организирал Светскиот фестивал за млади и студенти, нешто како социјалистичка верзија на Олимписките игри. Државата планирала да го изгради хотелот токму за овој настан, така што ќе го украде рекордот на Јужна Кореја.

Но поради проблеми, хотелот не бил завршен за фестивалот. Власта веќе потрошила милијарди за настанот, па целата економија на државата ослабела. Северна Кореја ја очекувала економска криза.

Иако надворешната структура била завршена, конструкцијата запрела, а во 1992-ра година на врвот од хотелот останал и еден кран.

prikaznata-za-rjugjong-napushteniot-hotel-vo-severna-koreja-04.jpg

Бетонска структура

Зградата ја сочинуваат три крила, сите навалени под агол од 75 степени. Се спојуваат во конус кој има 15 ката и кој бил резервиран за рестораните и месата за набљудување.

Изгледот на хотелот не е само од естетски причини. Хотелот е направен од бетон, нешто што е необично за облакодерите. Формата е поради тоа што горните катови мораат да бидат полесни. Корејците немале напредни градежни материјали, па користеле само бетон, а за градбата да издржи потребна е масивна основа со конусен врв.

Некои архитекти сметаат дека хотелот е дизајниран да изгледа како планина, а не пирамида. Причината е што планините имаат важна улога во симболизмот на државата.

prikaznata-za-rjugjong-napushteniot-hotel-vo-severna-koreja-03.jpg

Втор почеток

Во 2008-ма година, после 16-годишна пауза, изградбата продолжила сосема неочекувано. Кранот што стоел на врвот конечно бил тргнат, а биле инсталирани стаклени и метални панели што ѝ даваат сјаен изглед на градбата.

Проектот заврши во 2011-та година, по што почнаа гласините за отворањето на хотелот. Кон крајот на 2012-та година, хотелската група Kempinski најави дека ќе се отвори дел од хотелот, но до следната година и ова пропадна во вода.

prikaznata-za-rjugjong-napushteniot-hotel-vo-severna-koreja-05.jpg

Постојат гласини дека хотелот не е отворен поради лошата конструкција. Сепак, некои експерти сметаат дека хотелот изгледа доволно стабилно, но ќе биде проблем инсталирањето на електричен довод и вентилација бидејќи зградата е од бетон.

Фотографиите од ентериерот на хотелот покажуваат дека внатре е сработено многу малку.

prikaznata-za-rjugjong-napushteniot-hotel-vo-severna-koreja-06.jpg

Иднина

Во 2018-та година на фасадата на хотелот беа инсталирани LED светилки, па тој стана најголемото светлосно шоу во Пјонгјанг, но и машина за пропаганда.

На конусот на градбата е проектирано огромно знаме на Северна Кореја, а на останатиот дел се прикажува 4-минутна програма со историјата на државата, како и неколку политички слогани.

Во изминативе години доста се работело и на просторот околу хотелот, а во јуни во 2018-та била ставен натписот „The Ryugyong Hotel“ на корејски и англиски.

Засега не се знае дали хотелот некогаш ќе се отвори.

prikaznata-za-rjugjong-napushteniot-hotel-vo-severna-koreja-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...

Најчитани неделава