Големиот зелен ѕид: Амбициозен проект во Африка во борба против климатските промени

Големиот зелен ѕид е африканско движење со навистина голема амбиција. Целта е долж континентот да се посадат големи дрва, кои ќе формираат природен ѕид долг неверојатни 8.000 километри.

golemiot-zelen-dzid-ambiciozen-proekt-vo-afrika-vo-borba-protiv-klimatskite-promeni-01.jpg

После цела деценија, завршени се околу 15% од проектот кој ќе ѝ го врати пејзажот на Африка и им овозможува храна и работни места на луѓето кои живеат во близина.

Ѕидот е како решение за многуте проблеми кои ѝ се закануваат не само на Африка, туку на целиот свет, како климатските промени, сушата, гладот, конфликтите и миграцијата.

Штом ќе биде завршен, Големиот зелен ѕид ќе биде најголемата жива структура во светот и ќе биде 3 пати поголем од Големиот корален гребен.

golemiot-zelen-dzid-ambiciozen-proekt-vo-afrika-vo-borba-protiv-klimatskite-promeni-03.jpg

Идејата за ваков ѕид датира уште од средината на минатиот век и прв пат била предложена од англискиот шумар и активист Ричард Барб Бејкер. Сепак, проектот започнал дури во 2007-ма година, а дури денес почнуваме да ги гледаме резултатите од неверојатниот подвиг.

Досега се „оживеани“ околу 40 милиони хектари пустина. Ова резултира со дополнителни 500.000 тони жито годишно – количина доволна да нахрани 2,5 милиони луѓе.

golemiot-zelen-dzid-ambiciozen-proekt-vo-afrika-vo-borba-protiv-klimatskite-promeni-04.jpg

Доколку проектот продолжи со ова темпо, ќе ја подобри состојбата во некои од најсиромашните региони во Африка. Истовремено, ѕидот ќе ја подобри економијата на 11-те држави низ коишто минува.

Илјадници луѓе садат дрва и директно се вклучуваат во проектот преку иницијативата Green jobs (зелени работни места). Проектот е голем и ќе поминат десетици години пред да биде завршен, но вреди кога ќе се земе предвид неговото позитивно влијание.

golemiot-zelen-dzid-ambiciozen-proekt-vo-afrika-vo-borba-protiv-klimatskite-promeni-02.jpg

Големиот зелен ѕид ќе направи неколку позитивни промени во Африка:

- Ќе го реши проблемот со сечењето на шумите, деградацијата на земјиштето и сушата.

- Ќе се обноват речиси 13.977 километри квадратни земјиште во сувите региони, кои ќе можат да се користат како посеви.

- Благодарение на природните ресурси како вода, почва, вегетација и див свет, ќе се создадат поодржливи екосистеми во областа на Сахара и Сахел.

- Ѕидот ќе задржува 250 милиони тони јаглероден диоксид – нешто што ќе биде ефективно против климатските промени и загадувањето на воздухот.

- Ќе се подобрат условите за живеење и ќе се отворат 10 милиони работни места во сиромашните региони.

- Ќе се обезбеди храна за 20 милиони луѓе кои секоја година страдаат од глад.

golemiot-zelen-dzid-ambiciozen-proekt-vo-afrika-vo-borba-protiv-klimatskite-promeni-05.jpg

Засега планот е ѕидот да биде завршен до 2030-та година. За да се постигне ова, секоја година ќе треба да се обновуваат 10 милиони хектари земја.

Поради својата големина, Големиот зелен ѕид веројатно ќе стане осмото природно чудо во светот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...

Најчитани неделава