„Мајка Тереза“ од Непал - жена која има спасено над 18.000 жртви на трговија со луѓе

Инспирирана од Мајка Тереза, Анурада Коирала отсекогаш знаела дека ѝ е судено да им помага на другите.

majka-tereza-od-nepal-zhenata-koja-spasila-nad-18000-zhrtvi-na-trgovija-so-lugje-01.jpg

Па, таа станала учителка и ги подучувала децата во Катманду, Непал. Но после две децении, таа си поставила уште поголема цел – да ги заштити жените и девојчињата од малтретирање, експлоатација и трговија со луѓе.

На почетокот на 90-тите, Анурада секој ден среќавала жени кои просат на улиците на Катманду. Бидејќи ѝ го привлекувале вниманието, почнала да разговара со нив. Била запрепастена кога дознала дека сите биле жртви на насилство.

majka-tereza-od-nepal-zhenata-koja-spasila-nad-18000-zhrtvi-na-trgovija-so-lugje-02.jpg

Анурада добро ја знаела нивната болка, бидејќи и самата трпела екстремно физичко малтретирање од нејзиниот поранешен сопруг.

„Секој ден имаше тепање. Имав три спонтани абортуси кои мислам дека беа поради тепањето. Беше навистина тешко бидејќи тогаш не знаев каде да одам и да пријавам или со кого да зборувам.“

Токму ова искуство ја натерало да ги преземе нештата во свои раце, за подоцна да стане позната како Мајка Тереза од Непал.

majka-tereza-od-nepal-zhenata-koja-spasila-nad-18000-zhrtvi-na-trgovija-so-lugje-03.jpg

Анурада почнала да ги едуцира жените за насилството и им понудила помош доколку престанат да просат.

Таа започнала со само 8 жени, но набрзо имала полни раце работа. До 1993-та година, веќе ја основала непрофитната организација Maiti Nepal и почнала да се фокусира на голем проблем во Непал – трговија со луѓе за сексуална експлоатација.

majka-tereza-od-nepal-zhenata-koja-spasila-nad-18000-zhrtvi-na-trgovija-so-lugje-04.jpg

Поради големата стапка на неписменост и сиромаштија, државата станала плодна почва за трговијата со луѓе. „Трговците“ им ветувале вработување или пари на семејствата, додека ја криеле суровата вистина од нив.

Истовремено, жените и девојчињата од сиромашните предели биле одземани и продавани како сексуални робови во Индија.

Анурада решила да почне да ги спасува овие жени и девојки.

majka-tereza-od-nepal-zhenata-koja-spasila-nad-18000-zhrtvi-na-trgovija-so-lugje-06.jph.jpg

Извештаите покажале дека од 2013-та година, трговијата со луѓе забележала пораст за дури 500%. Само во 2016-та година, 23.000 жени и девојки биле жртви.

Организацијата на Анурада соработува со локалната полиција и изведува акции за спасување, на 26 разни локации на границата помеѓу Индија и Непал.

Досега организацијата помогнала во фаќањето на над 700 трговци со луѓе.

Oрганизацијата има и 11 засолништа за жените кои се спасени. Истовремено, била отворена и кафетерија во Катманду, каде што можат да работат спасените жртви.

majka-tereza-od-nepal-zhenata-koja-spasila-nad-18000-zhrtvi-na-trgovija-so-lugje-05.jpg

Постојат и три домови за превенција за девојчиња изложени на ризик. Овде тие учат за опасностите од трговијата со луѓе.

Додека некои од преживеаните жртви можат да ја надминат траумата и да се вратат на нозе, не сите ја имаат таа среќа. Некои се заразени со ХИВ и имаат потреба од терапија. Организацијата го нуди и ова и има два центри каде што заболените жени и девојки можат да живеат мирно.

Денес Анурада има 70 години, а нејзиниот труд е наградуван неколку пати. Во 2010-та година, таа беше прогласена и за херој на годината од страна на CNN.

majka-tereza-od-nepal-zhenata-koja-spasila-nad-18000-zhrtvi-na-trgovija-so-lugje-07.jpg

„Замислете си што би се случило ако вашата ќерка стои таму, ако вашата ќерка би била таму. Што би направиле? Морате да се здружите. Морате секое девојче да го гледате како ваша ќерка“, изјави таа додека ја примаше наградата од CNN.

„Сакам свет без трговија со луѓе. Се надевам дека еден ден, тоа ќе го направам реалност.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg