Заради политички критики, Сара Џесика Паркер ги затвори коментарите на постот со препорака за да го изгледате Медена земја

Актерката напиша објава со која порачува сите да го изгледаат македонскиот филм „Медена земја“, а наместо да сме горди на тоа, таа стана мета на критики со политичките коментари за грешно напишаното име.

zaradi-politichki-kritiki-sara-jessica-parker-gi-zatvori-komentarite-na-postot-so-preporaka-za-da-go-izgledate-medena-zemja-01.jpg

Сара Џесика Паркер објави пост во кој им препорачува на сите да го изгледаат македонскиот филм Honeyland (Медена земја) кој се емитува во Њујорк.

Но, наместо нејзината намера да биде добро сфатена и прифатена, таа стана мета на критики од политички карактер.

„Медена земја – восхитувачка, неверојатна, интимна а сепак епска приказна за пчеларката Хатиџе Муратова. Жена која нема да ја заборавам. Постои добра причина зошто филмот ја добива секоја награда за документарец.

Честитки за режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и ви благодарам што ни овозможивте визуелно патување до малото селце во Република Македонија. Моментално се емитува во Њујорк, чувствувам дека ќе биде номиниран за Оскар!“ - стои во објавата на нејзиниот Инстаграм.

Како што може да претпоставите, она за што беше критикувана е недостатокот на „Северна“ во името, а многумина го занемарија фактот дека нејзината намера е да им препорача на сите да го изгледаат филмот, а не да навлегува во политички конфликти.

zaradi-politichki-kritiki-sara-jessica-parker-gi-zatvori-komentarite-na-postot-so-preporaka-za-da-go-izgledate-medena-zemja-02.JPG

Покрај Грците кои се побунија за нејзината неинформираност за промената на името на нашата земја, многумина тврдат дека во коментарите се наоѓале и Македонци кои ја критикуваат за погрешно напишаното име.

„Името на земјата е променето во Република Северна Македонија/Македонија е грчка/Смени го името во Северна Македонија“ беа дел од коментарите на корисниците кои ја нападнаа актерката, по што таа им се извини за грешката и во објавата додаде „Република Северна Македонија“.

Сепак, очигледно и тоа не било доволно за луѓето да престанат да ја критикуваат и да обрнуваат внимание на нејзината грешка, па актерката беше приморана да ги исклучи коментарите, целосно да го тргне името на нашата земја од нејзината објава и да објасни зошто го направила тоа.

„Има премногу дискусии за овој пост. Поточно, за името на земјата. Мојата цел беше да привлечам што поголем дел публика за оваа неверојатна приказна и документарец. Не заземам политичка позиција бидејќи не сум доволно информирана. Ќе се потрудам да научам повеќе, а се надевам дека вие ќе се потрудите да бидете дел од публиката на Медена земја.“

Па така сега, очигледно за многумина е подобро да не стои ништо за земјата, отколку старото име на земјата, што беше ненамерна грешка на актерката.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Епстин ѝ го финансирал раскошниот живот: Како поранешната (и разгалена) снаа на кралицата Елизабета ... Иако должела повеќе од 2 милиони долари, поранешната сопруга на принцот Ендру жи...
„Ми изгоре целото лице откако другар истури бензин во логорски оган – ми паѓаа парчиња кожа додека м... Млада девојка од САД го споделува своето страшно искуство за да ја зголеми свесн...
Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
„Таа е убава, но фустанот...“ - Ирина Шајк доби критики за стајлингот на US Open, но баланс направи ... „Овој фустан не е соодветен за ваков настан“ е само еден од осудувачките комента...

Најчитани неделава