Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Нов“ Бермудски триаголник: Мистериозно место каде исчезнаа 700 луѓе

Постојат приказни дека големиот монголски лидер Кублај-кан се обидел да ја нападне Јапонија уште во 13 век, но изгубил 40.000 луѓе во Триаголникот на Змејот. Ѓаволското море (на јапонски  Ma-no Umi) е познато и како Триаголникот на Змејот, а се работи за област во Тихиот океан, околу јапонскиот брег и островот Огасавара.

Nov Bermudski triagolnik Misteriozno mesto kade isceznaa 700 luge 01

Триаголникот на Змејот лежи точно спроти Бермудскиот триаголник и се смета за негов пандан. Згора на тоа, активностите од оваа област, исто така, тешко можат да се објаснат.

Пред илјадници години, Кинезите верувале дека во морето живее змеј што ги влече бродовите на дното на морето. Затоа исчезнувањето на бродовите во Ѓаволското море и денес му се припишува на ова митско битие.

Постојат приказни и за тоа како големиот монголски водач, Кублај-кан, се обидел да ја нападне Јапонија уште во 13 век, но изгубил 40.000 во Триаголникот на Змејот. Во текот на 19 век, многу морнари пријавиле ненадејно појавување на мистериозна дама на нивните бродови.

Сепак, најпознатата приказна датира од 1952 година, кога истражувачкиот брод, Каио Мару бр.5, исчезнал во септември со целиот екипаж што броел 31 човек. Истите ја испитувале активноста на подводниот вулкан Myojin-sho и никогаш не се вратиле дома.

Nov Bermudski triagolnik Misteriozno mesto kade isceznaa 700 luge 02

Според натписите на Чарлс Берлиц од 1989 година, во Триаголникот на Змејот јапонската армија изгубила пет бродови со околу 700 луѓе, во период од 1952 до 1954 година. Поради оваа причина јапонското Министерство за риболов го прогласило ова подрачје за опасно.

Никогаш не е разјаснето што им се случило на исчезнатите луѓе (и бродови), како и во случајот со Бермудскиот триаголник.

Науката тврди дека не се работи за паранормална активност, туку постоење на заробени количини на опасни гасови на морското дно. Поконкретно, се работи за наоѓалишта на метански клатрат, кој на температура над 18 целзиусови степени може да предизвика експлозија.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Живеам во Данска две години - малите деца сами одат во градинка, а платите се високи“ „Малите деца одат во градинка или на училиште сами и не чувствувате страв кога п...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...
Бизарно: „Потрошила 900.000 евра за да биде ‘совршена жена’ и сега вели дека добриот изглед е клетва... Бразилка (35), прогласена за жена со ‘совршени пропорции’ од страна на Плејбој, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg