Мистериозни звуци во близина на Росвел предизвикуваат вознемиреност и паника – за што се работи?

Со децении, жителите на градот Таос, во Ново Мексико, ги опседнува еден мистериозниот звук. Се работи за постојан шум со ниска фреквенција, што некои го споредуваат со далечниот звук на дизел моторот. 

misteriozni-zvuci-od-mal-grad-vo-blizina-na-rozvel-predizvikuvaat-voznemirenost-i-panika-001.jpg

Постојаната изложеност на овој звук предизвикува главоболки, несоница, вознемиреност, па дури и проблеми со дишењето.

Иако шумот може да се слушне, разни детектори на звук не успеале да го регистрираат. Покрај тоа, бројни истражувачки тимови биле испратени во Таос за да ги откријат причините за овој феномен, но никој не успеал во оваа задача.

Шумот за првпат бил пријавен во раните 90-ти години, а професорот Џо Мулинс открил дека можат да го чујат два проценти од приближно 5.000 жители на Таос. Звукот се појавува одеднаш, многу е тивок, а луѓето го слушаат барем еднаш неделно.

Сведоците велат дека звукот може да се чуе погласно во мали и затворени простори, како што е автомобил или куќа, што дополнително ја додава бизарноста на целата ситуација.

Misteriozni zvuci od mal grad vo blizina na Rozvel predizvikuvaat voznemirenost i panika 02

Теории на заговор

Недостатокот на стручно објаснување за овој феномен доведе до многу теории на заговор. Некои тврдат дека звукот е производ на активност на вонземјани, што е дополнително оправдано со фактот дека Таос се наоѓа на само 800 km оддалеченост од Росвел, во кој наводно паднал неидентификуван летечки објект во 1947 година.

Други веруваат дека бучавата е поврзана со тајниот проект на американската војска, која во минатото веќе има правено тестови со ниска фреквенција на звук, додека други веруваат дека станува збор за природен феномен.

Misteriozni zvuci od mal grad vo blizina na Rozvel predizvikuvaat voznemirenost i panika 03

Неодамнешните истражувања покажуваат дека шумот во Таос може да се должи на два длабоки океански бранови со иста фреквенција што патуваат во различни насоки.

Чудни звуци кои не можат да се објаснат не се резервирани само за овој американски град - згора на тоа, истите се слушаат низ целиот свет.

Можете да го слушнете шумот во ова видео:

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Потресни сведоштва од несреќата во Лисабон: „Мислев дека и јас и внук ми ќе загинеме“ „Вагонот изгуби контрола и почна да се спушта со огромна брзина и удри странично...
Се лекувал со индуцирана кома: Каде исчезна познатиот психолог, кој има болест што е наречена „најст... Психологот Џордан Питерсон, кој е меѓу еден од најпродаваните автори од поново в...
Убиецот (18) бил трансродово лице со сериозни психички проблеми, ја убил мајка си: Детали за масакро... Убиецот кој во вторникот уби шест лица и повреди најмалку 25 во училиште во грат...
Убиецот на Украинката во САД потекнувал од семејство криминалци: Брат му е во затвор за убиство, тат... Мажот кој ја уби 23-годишната Украинка во воз во САД потекнувал од семејство кри...
Моника Левински во шестата деценија изгледа подобро од кога било - Трансформацијата на најпознатата ... Три децении по аферата која ѝ го смени животот, Левински делува самоуверено, зра...

Најчитани неделава