11 лажни фотографии што го измамија целиот свет

Куче што 7 години спие на гробот на неговиот сопственик

Кога прв пат беше објавена, оваа фотографија беше споделена 55.000 пати. Сите што ја видоа беа трогнати од лојалноста на кучето, но излезе дека кучето и гробот немаат никаква поврзаност.

Иако фотографијата е вистинска, кучето случајно одбрало да легне на тој гроб.

11-lazhni-fotografii-shto-go-izmamija-celiot-svet-07.jpg

„Обичен ден во Русија“

Оваа фотографија не е лажна, но мечката не е вистинска. Всушност, ова се двајца активисти од Greenpeace кои носат костим мечка, како дел од кампања ширум Европа.

11-lazhni-fotografii-shto-go-izmamija-celiot-svet-08.jpg

Патка топли куче со нејзиното крило

Иако фотографијата изгледа реално, фактите што ја опкружуваат се сомнителни. Најпрво фотографијата се појави на кинески веб-сајт, уште во 2017-та година.

Проблемот е што на оваа кинеска платформа, секој може да го менува описот на фотографијата, па не се знае која е вистинската приказна.

11-lazhni-fotografii-shto-go-izmamija-celiot-svet-09.jpg

Планина во форма на глава од желка

Оваа фотографија се прослави во јануари 2019-та, но планината во форма на желка не постои. Фотографијата е комбинација од две различни фотографии.

11-lazhni-fotografii-shto-go-izmamija-celiot-svet-10.jpg

Заб на мегалодон во пршлен на кит

Наводно, ова е фотографија од заб на мегалодон, забоден во пршлен од кит. Во реалноста, двата предмети биле најдени на разни места, во разно време.

Едноставно, некој се сетил да ги спои и да ја направи оваа фигура.

11-lazhni-fotografii-shto-go-izmamija-celiot-svet-11.jpg

Брод што исфрла отпад во морето

Оваа фотографија предизвика бурни реакции веднаш по објавувањето, а беше објавена со описот:

„Овој брод за крстарење го фрла отпадот во морето.“

Подоцна се откри дека воопшто не станува збор за отпад, туку бродот се подготвувал да го спушти сидрото. Кафеавата дамка е всушност песок од дното.

11-lazhni-fotografii-shto-go-izmamija-celiot-svet-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
Дали и нам ни треба ваков закон? Во Кина тинејџерите ќе смеат само 2 часа на ден да користат интерне... Дали ваков закон треба да се воведе и кај нас? Кинеските власти воведуваат нови ...
Дали бременоста на Хилари Свонк на 48 години им дава лажна надеж на жените? Жена која останала бремена во доцните 40-ти години, а притоа има и јавна професи...
Никој не знае како починале, биле најдени во фаза на распаѓање: Кои се близнаците Маркус кои ја инсп... Во високите кругови биле сметани за „богови на плодноста“, затоа што им помагале...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg