Чудо од дете: На 9 години ќе добие универзитетска диплома за електроинженер
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Чудо од дете: На 9 години ќе добие универзитетска диплома за електроинженер

9-годишно момче од Белгија студира електроинженерство на Универзитетот во Ајндховен, професорите го опишуваа како уникат, а во декември ќе добие и диплома.

momche-studira-elektroinzhenerstvo-i-na-9-godini-kje-dobie-univerzitetska-diploma-01.jpg

Лорaн Симонс е исклучителен пример кој ретко се среќава во денешното општество, но е вистинска инспирација и гордост.

На 9 години, овој генијалец ќе ја добие првата универзитетска диплома, верувале или не, за насока електроинженерство.

Лидија и Александар Симонс, мислеле дека нивните родители претеруваат кога велеле дека нивниот син има дарба, но наставниците набрзо потоа го потврдиле ова.

„Тие забележаа нешто посебно во Лорaн. Му даваа тест по тест и се обидуваа да сфатат до каде одат неговите таленти. Ни кажаа дека е како сунѓер.“ – велат родителите на момчето.

momche-studira-elektroinzhenerstvo-i-na-9-godini-kje-dobie-univerzitetska-diploma-08.jpg

momche-studira-elektroinzhenerstvo-i-na-9-godini-kje-dobie-univerzitetska-diploma-02.jpg

Иако детето доаѓа од образовано семејство на доктори, сепак неговите родители немаат посебно објаснување за неверојатната дарба на синот и неговите способности за брзо учење, а мајката се шегува дека нејзина теорија е тоа што јадела многу риба во бременоста.

„Лорaн е најбрзиот студент што некогаш сме го имале. Не само што е хипер-интелигентен, туку е и многу симпатично момче.“ – изјавил директорот на универзитетот.

Во едно интервју, момчето има изјавено дека неговиот омилен предмет е електроинженерство, а неговиот татко открива дека тој планира подоцна да запише докторат во истата насока, но исто така сака да добие и диплома во медицината.

momche-studira-elektroinzhenerstvo-i-na-9-godini-kje-dobie-univerzitetska-diploma03.jpg

Иако момчето е неверојатно паметно и има исклучителна моќ за учење и апсорбирање информации, сепак неговите родители не дозволуваат да стане премногу сериозен и му дозволуваат да ужива во животот, обидувајќи се да најдат баланс помеѓу детството и генијалноста.

momche-studira-elektroinzhenerstvo-i-na-9-godini-kje-dobie-univerzitetska-diploma-05.jpg

Како и сите деца на негова возраст, Лоран сака да си игра со кучето и да седи на телефон, но она што не е својствено за децата на оваа возраст, е тоа што Лоран веќе знае што сака да прави во животот – да развива вештачки органи.

Во меѓувреме, тој мора да ги заврши додипломските студии и да одбере на која академска институција ќе го продолжи остатокот од неговото извонредно животно патување.

momche-studira-elektroinzhenerstvo-i-na-9-godini-kje-dobie-univerzitetska-diploma-04.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На 11 години станала анорексична, на 20 години конечно изгледа здраво ... На училиште на Алис ѝ велеле дека е дебела, таа се повлекла од себе и оттогаш за...
Направена е првата кукла со аутизам - 9-годишно момче е инспирација Сега сите дечиња со аутизам ќе може да си играат со куклата која личи на нив, но...
„Бидете фини еден кон друг“ - Тој има 103 години, таа 100 и прославија... Нивната љубовна приказна започнала кога се сретнале во 1935 година, се вљубиле е...