Најдарежливиот шеф на годината - Одвоил 10 милиони долари за бонуси за вработените


Најдарежливиот шеф на годината - Одвоил 10 милиони долари за бонуси за вработените

Шефот на една фирма за недвижнини во Балтимор им приредил вистинско празнично изненадување на своите вработени.

shefot-shto-go-posakuva-sekoj-gi-iznenadil-vrabotenite-so-bonus-od-50000-dolari-01.jpg

Вработените во St. John Properties добиле новогодишен бонус што изнесува околу 50.000 долари.

Основачот и директор на компанијата, Едвард Џон, чија фирма вреди над 3,5 милијарди долари, одвоил 10 милиони долари за новогодишните бонуси на вработените.

shefot-shto-go-posakuva-sekoj-gi-iznenadil-vrabotenite-so-bonus-od-50000-dolari-03.jpg

Едвард изјавил дека можел да го направи ова бидејќи постигнале голема цел годинава и изградиле канцеларии и простор за складирање низ 8 држави во САД. Едноставно, тој сакал да им се заблагодари на неговите колеги за напорната работа во текот на годините.

shefot-shto-go-posakuva-sekoj-gi-iznenadil-vrabotenite-so-bonus-od-50000-dolari-02.jpg

Директорот вели дека за целта што ја поставиле, мислеле дека ќе им бидат потребни 40 години, но тие ја постигнале за само 14.

Во едно интервју, Едвард изјавил:

„Играм Монопол со вистински пари и вистински градби. Не работам. Играм Монопол и затоа сè уште сум овде.“

shefot-shto-go-posakuva-sekoj-gi-iznenadil-vrabotenite-so-bonus-od-50000-dolari-04.jpg

Откако ги споделил новостите за бонусите, Едвард изјавил:

„Сакав да прославам и да го направам моментот значаен за луѓето што ми помогнаа. Јас го управувам бродот, но тој плови поради нив. Без нив ние сме ништо, апсолутно ништо. За да прославам, сакав да ги наградам вработените така што ќе имам значајно влијание врз нивните животи. Благодарен сум им на сите, за нивната напорна работа и посветеност. Не можев да се сетам на подобар начин да ја покажам благодарноста.“

shefot-shto-go-posakuva-sekoj-gi-iznenadil-vrabotenite-so-bonus-od-50000-dolari-05.jpg

Интересно е што вработените не знаеле дека ќе бидат наградени ако ја постигнат поставената цел.

Реакциите на сите биле само позитивни, а дел од вработените изјавиле дека сакале да заплачат од среќа.

shefot-shto-go-posakuva-sekoj-gi-iznenadil-vrabotenite-so-bonus-od-50000-dolari-06.jpg

shefot-shto-go-posakuva-sekoj-gi-iznenadil-vrabotenite-so-bonus-od-50000-dolari-07.jpg

shefot-shto-go-posakuva-sekoj-gi-iznenadil-vrabotenite-so-bonus-od-50000-dolari-08.jpg

Едвард Џон е дефинитивно шефот што би го посакал секој.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9-годишно момче топли срца: Цел живот ја расте косата – сега ја донира за деца болни од рак Рајли Стенкоб е 9-годишно момче од Есекс, Англија, кое целиот живот си ја нема с...
Од нив не може да вози, ниту да трча: Жена тврди дека ги има најголемите гради во Велика Британија (... Нејзината зависност е бизарна, а градите дефинитивно не ѝ изгледаат привлечно, н...
Опасни патишта од кои ќе ви застане здивот ако треба да поминете низ нив (фото) Неверојатните пејзажи од природата низ светот претставуваат предизвик за оние ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg