9 неверојатни жени кои во 2019-та срушија светски рекорди

2019-та беше година на многу нешта, а голем удел во ова имаат неверојатните жени кои соборија неколку светски рекорди.

9-neverojatni-zheni-koi-vo-2019-ta-srushija-svetski-rekordi-01.jpg

Од астронаути и гимнастичарки, па сè до дизајнерки и математичарки, овие жени дефинитивно заслужуваат да се најдат во книгите по историја.

Веројатно повеќето од нив нема да ги препознаете, но светот треба да слушне за нив.

Оваа година се покажа дека жените навистина се издигнуваат, а следниве рекордерки имаат голема заслуга за тоа:

Кристина Кох

Кристина Кох е астронаут од САД и годинава го собори женскиот рекорд за најдолг престој во вселената. Кристина беше во вселената 289 дена и ѝ го „зеде“ првото место на Пеги Витсон, која имаше престој од 288 дена.

Покрај ова, Кристина беше дел и од првата вселенска прошетка во која учествуваа само жени.

Таа сè уште е во вселената, а се очекува да се врати на Земјата во февруари 2020-та.

9-neverojatni-zheni-koi-vo-2019-ta-srushija-svetski-rekordi-02.jpg

Бригид Косгеи

25-годишната Бригид од Кенија, во октомври го собори рекордот кој не беше срушен цели 16 години.

Таа го истрча маратонот во Чикаго за 2 часа и 14 минути, победувајќи ја Пола Редклиф, која го заврши маратонот за 2 часа и 25 минути.

Како ова да не е доволно, Бригид стана и најмладиот победник на Лондонската трка.

9-neverojatni-zheni-koi-vo-2019-ta-srushija-svetski-rekordi-03.jpg

Симон Бајлс

22-годишната гимнастичарка го сруши рекордот на Светското првенство за гимнастика, каде што го освои нејзиниот 25-ти медал.

Од овие 25, пак, дури 19 медали се златни.

9-neverojatni-zheni-koi-vo-2019-ta-srushija-svetski-rekordi-04.jpg

Рут Е. Картер

На доделувањето на Оскарите во 2019-та, Рут стана првата личност со афроамериканско потекло која доби награда за костимографија.

Годинава Рут беше номинирана трет пат – прв пат доби номинација во 1993-та за „Malcolm X“, а во 1997-ма доби номинација за филмот „Amistad“.

9-neverojatni-zheni-koi-vo-2019-ta-srushija-svetski-rekordi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Надал доби второ дете во тајност – синот доби име со емотивно значење за сопругата Откако се пензионира од професионалниот тенис, семејството на Надал се прошири –...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...

Најчитани неделава