9 неверојатни жени кои во 2019-та срушија светски рекорди

Карен Уленбек

Карен е професорка на Универзитетот во Тексас, а во март доби награда што многумина ја нарекуваат Нобелова за математичари.

Карен е првата жена што ја доби наградата Абел, за нејзините истражувања кои ја променија математиката, но и за нејзиното залагање за правата на жените во светот на математиката и науката.

9-neverojatni-zheni-koi-vo-2019-ta-srushija-svetski-rekordi-06.jpg

Лејди Гага

На листава се најде и позната личност. Годинава, Гага стана првата жена (и втората личност во историјата) која добила Оскар, Бафта, Златен глобус и Греми во една година.

Сите награди се благодарение на филмот „A Star is Born“ и нумерата „Shallow“.

Истовремено, Гага е првата личност која има номинација за Оскар за најдобра актерка и најдобра оригинална песна на едно доделување на наградите.

9-neverojatni-zheni-koi-vo-2019-ta-srushija-svetski-rekordi-07.jpg

Јасмин Парис

Британската трка Spine Race неретко е нарекувана и најбруталната трка на светот. Но, ова не ја спречи Јасмин да стане првата жена што ја победила, но и личноста што ја завршила трката најбрзо досега.

Јасмин ја заврши трката за 83 часа и 12 минути.

9-neverojatni-zheni-koi-vo-2019-ta-srushija-svetski-rekordi-08.jpg

Хана Бичлер

Оскарите од 2019-та им помогнаа на неколку жени да срушат рекорди. Хана стана првата личност со темна кожа која доби Оскар за продукциски дизајн, за филмот „Black Panther“.

Истовремено, таа е и првата личност со афроамериканско потекло која била номинирана за наградата.

9-neverojatni-zheni-koi-vo-2019-ta-srushija-svetski-rekordi-09.jpg

Јин Јанг Ко

Голферката од Јужна Кореја го надмина и Тајгер Вудс. Во 2019-та, таа погоди 114 дупки една по друга, без да направи грешка. Рекордот на Тајгер беше „само“ 110 дупки.

9-neverojatni-zheni-koi-vo-2019-ta-srushija-svetski-rekordi-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Надал доби второ дете во тајност – синот доби име со емотивно значење за сопругата Откако се пензионира од професионалниот тенис, семејството на Надал се прошири –...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...

Најчитани неделава