Природата во Австралија се враќа во живот после пожарите (фото)
- Детали
- петок, 10 јануари 2020
Додека пожарите во Австралија сè уште дивеат, на Facebook осамнаа неколку фотографи што даваат нова надеж.
Мери Вурвинд е фотограф и во неделата шетала низ Кулнура, област во Нов Јужен Велс, кога ги забележала првите знаци на живот по пустошот на пожарите.
46-годишната фотографка вели дека фотографиите се направени на само 5 километри од нејзиниот дом.
„Не ми се веруваше кога сфатив дека природата се враќа во живот само 3-4 недели после пожарите. Во тој момент почувствував надеж.“
Мери ги направила фотографиите со фотографот Мјуреј Лоу кој, пак, ги објави на Facebook. Неговата објава има над 40.000 споделувања, а повеќето коментари ја покажуваат неизмерната радост на луѓето.
„Дури и без дожд, животот цути од изгорените стебла на дрвјата и животниот циклус започнува одново“, стои во неговата објава.
Мјуреј дури и ги продава фотографиите, а дел од заработката ја донира за жртвите од пожарот.
Пожарите во Австралија горат со ист интензитет, но овие фотографии ни даваат барем трошка надеж дека не е сè изгубено.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





