Уште една катастрофа – Вулканот Таал на Филипините ја покажа својата разорна моќ (фото)

На 12-ти јануари годинава, на Филипините еруптираше вулканот Таал.

ushte-edna-katastrofa-vulkanot-taal-na-filipinite-ja-pokazha-svojata-razorna-mokj-01.jpg

Вулканот е лоциран на островот Лузон и на првиот ден од ерупцијата исфрлал чад на растојание од дури 100 километри. На 13-ти јануари, ерупцијата станала уште посилна и од главниот кратер почнала да излегува лава.

На само 99 километри од вулканот се наоѓа главниот град Манила, кој е засенет од чадот.

Поради ерупцијата, авионските летови се откажани, училиштата и јавните институции се затворени и илјадници луѓе се евакуирани од областа околу вулканот.

ushte-edna-katastrofa-vulkanot-taal-na-filipinite-ja-pokazha-svojata-razorna-mokj-02.jpg

Според полицијата, евакуирани се над 13.000 луѓе, но се очекува нивниот број да се зголеми.

За среќа, засега нема загинати, но постои опасност ерупцијата да стане уште поинтензивна. Проблемот е што многу луѓе сè уште се наоѓаат во зоната на опасност, а добро познато е дека првата ерупција не е секогаш најголема.

Некои жители не можат да одат на безбедно бидејќи нема транспорт и видливоста е намалена. Други пак, не сакаат да ги остават нивите домови и фарми.

ushte-edna-katastrofa-vulkanot-taal-na-filipinite-ja-pokazha-svojata-razorna-mokj-04.jpg

Претходните ерупции на вулканот Таал ја имаат покажано неговата разорна моќ. Низ историјата, вулканот е виновен за смрт на илјадници луѓе, а секој експерт смета дека сегашната закана треба да се сфати сериозно.

Таал е еден од најактивните вулкани на Филипините и во изминативе неколку века има еруптирано дузина пати. Некои од овие ерупции се сметаат за најмоќните во историјата на државата.

ushte-edna-katastrofa-vulkanot-taal-na-filipinite-ja-pokazha-svojata-razorna-mokj-03.jpg

Експертите се обидуваат да го предвидат „однесувањето“ на вулканот според претходните ерупции, но Таал е непредвидлив. Според нив, секоја ерупција е различна и ништо не е гарантирано.

Нивото на опасност на вулканот е 4, што укажува на неминовна опасна ерупција. Нивото 5 означува дека ерупцијата е неизбежна и сигурно ќе направи штета на поголема површина.

Разорната моќ на вулканот Таал:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Шатори, конзерви, па и човечки измет од несовесни планинари: Највисокиот камп на Монт Еверест претво... „Она што треба да биде едно од најубавите места на планетата стана едно од најгр...
Жена со бизарна зависност да има што поголеми усни - става филери на 2 седмици, не може да ја затвор... Првата корекција на усните ја направила на 18 години и не сопрела оттогаш. Троши...

Најчитани неделава