Солзи и огромна тага: ЛеБрон Џејмс се збогуваше со Коби (фото + видео)

Последниот твит на Коби беше напишан вечерта пред да загине. Тој му честиташе на ЛеБрон кој го помина на вечната листа на стрелци во НБА лигата, земајќи му ја третата позиција. 

solzi-i-ogromna-taga-lebron-james-se-zboguvase-so-kobi-foto-i-video-01.jpg

Џејмс 33.655 поени, Брајант 33.643.

?s=20

ЛеБрон Џејмс во емотивен Инстаграм пост напиша:

„Седам и се обидувам да напишам нешто на постов, но постојано ми доаѓаат солзи и плачам, плачам само штом ќе помислам на тебе, на Џиџи и на нашето пријателство/врска/братство кое го имавме. Разговаравме во неделата, утрото пред да заминам од Филаделфија и да се вратам во Лос Анџелес.

Никогаш во милион години не би помислил дека тоа ќе биде последниот наш разговор. По ѓаволите! Скршен сум, потиштен. Човеку, те сакам! Моето срце е со Ванеса и децата. Ти ветувам дека ќе го продолжам она што го започна.

Ни значиш премногу на сите, особено на Лејкерси, и сега останува да се соберам и да продолжам да го правам она што го правиме! Те молам дај ми сила од рајот и пази на мене. Има толку многу што сакам да кажам, но во моментов не можам. Не можам да си дојдам на себе. Додека се сретнеме повторно брату мој...“

Лејкерси слушнале за смртта на Брајант кога слетале во Лос Анџелес, неделата наутро.

Подолу е снимка од пристигнувањето на ЛеБрон на аеродромот...

?s=20

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Јас сум горда спонзоруша, сакам богати мажи кои ќе се грижат за мене - и таков партнер си избрав“ „Ако тоа што сакам партнерот добро да се грижи за мене и да ме разгалува, ме ети...
„Се дотерувам 2 часа за да бидам најубавата мајка кога го носам син ми на училиште - не сакам да бид... „И додека некои мајки се сосема задоволни да го однесат своето дете на училиште ...
„Страдам психички, не сакам да зборувам со никој“: Единствениот преживеан во авионската несреќа во И... „За мене, по несреќата… многу е тешко. Физички, ментално… Не сакам да зборувам с...
Најпознатите сијамски близначки во светот шетаат со бебе, по гласините за бременост: Можат ли да доб... Аби и Британи Хенсел беа забележани со бебе, откако открија дека едната од нив с...
Не е Македонија, Холивуд е – ѓубре од шишиња и пуканки оставени низ салата по Оскарите (фото) „Толку ли е тешко да се фрли ѓубрето кога си одиш?“ – пишуваат во коментари. Ако...

Најчитани неделава